Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

СДСМ понуди јасно, конкретно и реално остварливо решение за зголемување на минималната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ понуди јасно, конкретно и реално остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра. Преку ребаланс на буџетот, само со рационално кратење на трошоците од луксузот на власта, може целосно се обезбедат до 200 милиони евра за: зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците и поддршка на компаниите и на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на потпретседателката на партијата Јована Тренчевска.

ВМРО да не ги плаши приватните компании и работодавачите.

Решението на СДСМ значи поддршка на двете страни, и на работниците и на работодавачите, односно компаниите во приватниот сектор.

Реклама

Пари во буџетот има, прашањето е за приоритетите.

Само за зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се речиси 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра.

Со кратење на 20 до 30 % на делот стоки и услуги, каде што се: возила, мебел, патувања, репрезентации, договорни услуги, комфор на функционерите, се обезбедуваат 130 милиони евра.

Со кратење на делот разни трансфери – од хонорари, привремени вработувања – се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.

Значи, само со кратење во овие категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра.

Овие пари се доволни не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите.

На овој начин компаниите ќе може да ги зголемат платите, без да се загрози нивната ликвидност.

Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците.

Не држат изговорите на Владата дека ако се покачи минималната плата, ќе се загрози економијата или работата на компаниите.

СДСМ во својот мандат ја зголеми минималната плата од 8.000 на 22.000 денари, па не се затворија работни места, не се загрози економијата. Напротив, со повеќе пари кај граѓаните и поддршка на компаниите се зголемува потрошувачка и расте домашното производство.

Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на буџетот. СДСМ ќе го поддржи.