Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Свет

Трамп најави нови санкции против Русија, Зеленски бара силен одговор од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да премине во втората…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да премине во втората фаза на санкции против Русија, но не прецизираше какви конкретни мерки би можеле да се преземат. Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, соопшти дека САД и Европската унија размислуваат за воведување дополнителни царини за државите кои купуваат руска нафта, со цел да се потисне руската економија и да се принуди Путин да седне на преговарачка маса. Како главни купувачи на руската енергија беа посочени Кина и Индија, за која Трамп веќе воведе големи царини.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Трамп дека му овозможил на Путин „публицитет“ со средбата на Аљаска. „Жалосно е… Путин сака да се сретне со американскиот претседател за да покаже видеа и фотографии, но одбива средба со мене“, рече Зеленски. Тој побара силен одговор од САД по досега најголемиот руски ракетен напад врз Украина.