Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Прилози

Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно од сега – Иран: Ние ќе кажеме кога војната ќе заврши

За американскиот претседател најголемиот ризик во борбата за, како вели тој, спас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За американскиот претседател најголемиот ризик во борбата за, како вели тој, спас на Америка и светот воопшто, завршил првите три дена од нападите. Пораката пак од Иран е дека војната ќе ја завршат тие, а не САД. Фактите се дека војната трае 11 дена и крајот тешко може да се предвиди. Трамп последно  вети дека нападите ќе продолжат со уште посилен интезитет и нема да дозволи терористичкиот режим во Иран да го држи светот како заложник.

Ќе ги удриме многу посилно, многу многу посилно ќе ги завземам оние мети кои им се лесни и како што споменав и  претходно ќе ги завземеме за кратко време, нема да можат да се  опорават никогаш. Ова може да го наречеме огромен успех или може да одиме и понатаму, но големиот ризик на оваа војна беше во првите три дена, ние ги збришавме уште во првите два“, изјави Доналд Трамп претседател на САД.

Војната се посилно ја чувствуваат и граѓаните во Израел. Во изминатите 24 часа се хоспитализирани над 200 луѓе, а меѓу нив има и војници и цивили. Но и покрај силните напади, премиерот Нетанјаху порача дека Израел ќе продолжи со агресијата врз Иран и ја отфрли секоја сугестија дека Техеран бара прекин на огнот.

Реклама

Портпаролот на Исламската Револуционерна гарда, бригадниот генерал Али Мохамед Наин, порача дека е уништена целата воена инфраструктура на САД во заливските земји.

Знаеме дека вашата муниција ќе се потроши и дека барате излез од војната. Зошто не му ја кажете вистината на американскиот народ? Трамп не сака Американците да знаат дека целата американска воена инфраструктура во регионот на Персискиот Залив е уништена“, изјави Али Мохамед Наин, портпаролот на Исламската Револуционерна гарда.

Нетанјаху пак се закани дека сите досегашни мерки „ги кршат коските на Техеран“, во насока на тоа дека целта на САД и Израел не е уништување на иранскиот народ, туку самиот тој да го отфрли јаремот на тиранијата. Им порача на иранските цивили дека „ако имаат успех заеднички со народот во Иран, ќе се случи и трајно завршување на конфликтот“.