Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Трајановски за Аеродром: Целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината за поголема ефикасност во работењето

Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, моја цел е да воспоставиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, моја цел е да воспоставиме вистинска транспарентност и отчетност во трошењето на народните пари. Граѓаните имаат право да знаат каде оди секој денар и како се носат одлуките што директно влијаат врз нивниот живот, се наведува во соопштението на Трајановски.

Ќе воведам јавен увид во сите буџетски трошоци, како и отворени денови со градоначалникот и со членовите на Советот, каде што секој граѓанин ќе може лично да постави прашање, да даде предлог или да иницира расправа за прашања од јавен интерес.

Во исто време, ќе овозможиме дигитални алатки за вклучување на граѓаните – платформа преку која секој ќе може да поднесе предлог, да пријави проблем или да добие одговор на своето прашање.

Реклама

Мој приоритет ќе биде целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината, со поедноставени процедури, пократко време на чекање и поголема ефикасност во работењето.

Јавно ветувам нула толеранција кон корупцијата во локалната самоуправа. Секој денар ќе биде потрошен транспарентно, законски и исклучиво во интерес на граѓаните на Аеродром.

За Општина Аеродром што работи чесно, транспарентно и во служба на граѓаните!