Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Трагедијата во Кочани ја зеде и 62та жртва – почина 24 годишник кој се лекуваше во Белград

24 годишниот Стојанче Стефанов e 62-та жртва од пожарот во Кочани. Тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

24 годишниот Стојанче Стефанов e 62-та жртва од пожарот во Кочани. Тој беше на лекување во Воено-медицинската академија во Белград каде им подлегна на тешките повреди и изгоренеци здобиени пред еден месец.

„Станува збор за пациент кој од првиот ден согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен во ВМА во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба изминатиов месец“ вели Јовица Андовски, заменик-министер за здравство

Стојанче Стефанов имал 27 проценти зафатеност со изгореници на телото и имал сериозни повреди од вдишување на чад. Во ВМА бил веднаш опериран на четврти април и поставен на ЕКМО апарат, но, поради огромната количина од чад што ја вдишил бил во тешка состојба.

Реклама

Во моментов низ болниците во странство се лекуваат 45 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, а од нив двајца се во тешка состојба. Нивната состојба денеска е стабилна.

На 16 март загинаа 59 пациенти, а во текот на месецов битката ја загубија тројца тешко повредени пациенти, кои се лекуваа во болниците во странство.

Давид Крстевски