Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Трагедијата во „Пулс“ не се заборава – Кочани во сеќавање и молитва

Во тишина и длабока тага, со света архиерејска литургија и општ парастос…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тишина и длабока тага, со света архиерејска литургија и општ парастос за упокоените млади луѓе кои ги загубија животите во дискотеката „Пулс“, изутрината во соборниот храм „Св. Великомаченик Георгиј“ во Кочани започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар што ја потресе целата држава. На богослужбата присуствуваа семејства на загинатите, повредени од несреќата, како и граѓани кои дојдоа да им оддадат почит на прерано згаснатите животи.

Со верските обреди чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион. Во своето обраќање архиепископот охридски-македонски рече дека болката по загубата е огромна, особено кога згаснуваат млади животи. Тој потсети дека и Пресвета Богородица, како мајка, почувствувала длабока тага гледајќи го страдањето на своето чедо, но верата учи дека смртта не е крај, туку премин во вечноста.

„И треба да сме благодарни што ни беа дадени, како и ние што сме и биле дадени на нашите родители. Затоа и разбирливо е што ниту времето не ја намалува и не ја отстранува тагата од недоместливата загуба. Нашите мили во Господа, нашите прерано загинати деца, браќа, сестри, внуци, роднини, пријатели засекогаш ќе ни недостасуваат и тоа чувство е природно, но во нашата тага треба да се надеваме дека оние коишто починале, во Христа ќе бидат вечно со него“, порача архиепископот охридски-македонски г.г. Стефан.

Реклама

Во Кочани, животот се мери пред и по трагедијата. Градот продолжува да живее, но тагата и споменот за прерано згаснатите млади животи остануваат длабоко присутни меѓу граѓаните.

„Ништо не е како порано. Ден да дојде, друг да пројде. Ние сочувствуваме со болката на нашите сограѓани, но тие што ги загубија своите чеда, си знаат најдобро“, коментираат кочанчани.

Со низа настани во Кочани се одбележува годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Утре градот ќе им оддаде почит на сите здравствени работници и граѓани кои во најтешките моменти покажаа голема хуманост и пожртвуваност. Во понеделник во градскиот парк ќе бидат поставени 63 бели столчиња, а точно во времето кога се случи несреќата ќе им биде оддадена почит на загинатите пред дискотеката. Одбележувања во чест на жртвите има и во Штип, Виница и Пробиштип.