Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Тошковски: Васко Ковачевски е државјанин на Македонија

Поранешниот директор на ЕСМ и РЕК Битола Васко Ковачевски, е државјанин на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот директор на ЕСМ и РЕК Битола Васко Ковачевски, е државјанин на Македонија.  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги расчисти шпекулациите во јавноста дека Ковачевски има државјанство на друга земја, и дека се откажал од македонското. Тошковски не сакаше да шпекулира каде се наоѓа екс директорот на ЕСМ, кој не е во државава. Тој повтори дека се работи на целосно разрешување на сучајот во кој Васко Ковачевски е меѓу главните осомничени за криминалот од околу 6,5 милиони евра.

„Лицето не е достапно на органите на прогонот. Тие ќе сторат сè во рамките на својата законска надлежност за постапување сè со цел тоа да биде обезбедено и биде изведено пред лицето на правдата. Вчера, имаше многу шпекулации во однос на тоа каде се наоѓа посоченото лице, во делот на тоа дали се откажал од македонско државјанство и во делот на тоа дали има македонско државјанство. Она што е факт е дека посоченото лице е во рамките на регистарот на државјани на Македонија, тој е македонски државјанин и не побарал отпуст во согласност со информациите што ги имам во овој момент“, рече денес министерот Тошковски.

Министерот за внатршни работи потврди дека имаат голем број на докази за нерегуларности при тендерските постапки за набавка на адитиви, кои биле наплатувани три пати поскапо од реалната цена. Тошковски информираше дека при спроведувањето на  акцијата во која беа приведени околу 30 лица биле  запленети 220.000 евра. 

Реклама

,,За овој случај имаме над трисет претреси на простории, два претреси во рамки на отворање на сефови кои се поврзани со дел од приведените лица. Оваа акција беше доста сеопфатна и до сега морам да потенцирам дека е најголема акција којашто е спроведена, од аспект на штета на буџетот на македонскиот народ која што е сторена при една енергетска криза” изјави Тошковски.

Тошковски уште еднаш испрати јасна порака до сите функционери, минати, сегашни и идни, кои се огрешиле или ќе огрешат пред лицето на  правадата и направиле криминални дела – ќе бидат снакционирани. Според Тошковски, државата, министерството за внатрешни работи и останатите органи за прогон, како никогаш до сега, се борат со криминалот.

Даниел Ѓорѓевски