Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Тошковски се враќа во МВР на министерската позиција, најавува драстични промени

Драстични промени во полицијата која ќе работи во служба на граѓаните и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драстични промени во полицијата која ќе работи во служба на граѓаните и вистински ќе се бори со криминалот. Хаосот во МВР, идниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ветува дека ќе го замени со европски вредности, но не како досега само декларативно споменувани од функционерите. МВР покажа дека може да работи за она за што е платена, и се обидовме да ставиме ред на издавањето на личните документи, вели Тошковски.

  • „Затекнавме хаос, нефункционалност, затекнавме една состојба која беше недостоинствена за секој еден македонски граѓанин и се потрудивме да ги нормализираме односите во рамки на министерството, се со цел да биде еден нормален начин на услужување на секој еден македонски граѓанин. Драстрични промени ќе има во и во работата на Министрерството, и во сето она што надлежност на МВР“ рече Панче Тошковски – предлог министер за внатрешни работи во изјава за Алфа.

Тошковски најавува коренити реформи во минситерството. Функционална систематизација и решавањето на пренатрупеноста во одреди сектори и недостатокот на кадар во други. Секој ќе мора да си ја заработи платата, вели предлог – министерот за внатрешни, а притоа ќе мора да добие услови за работа.

  • „Најпрво мора да започнеме со нова систематизија, функционална, која што навистина ќе овозможи прво секој еден во МВР се чуствува горд и достоинствен за она што го работи и за тоа да биде добро платен, и исто така да си ја работи работата, просто кажано. Сега огромен број на вработени во МВР, еве благ да бидам, не работат онака како што треба да работат и не се во функција онака како што треба да бидат. Временски период кој е минимум по закон потребен за еден граѓанин да си ја заработи платата за која е платен. Нема да дозволам во МВР, да има статичари кои нема да си ја заработат платата, ќе барам посветено, одговорно и профисионално од секој еден вработен, бидејќи тоа мора да биде така и не може да биде поинаку. Ние не можеме да имаме менаџарски позиции повеќе од тоа што е потребно. Тоа ќе се смени драстично..“ вели Тошковски.

Тошковски смета дека адвокатската кариера која е зад него ќе му помогне, бидејќи како што вели, кога имате чесна намера пред даночните обврзници, тогаш ќе работи во согласност со законите кои мора да важат подеднакво за сите.

Реклама
  • „Техничкиот министер Тошковски, имаше една многу позната реплика, цитирам: Секој еден мора да го почитува законот, законот мора да важи поеднакво за сите. Што ќе каже, односно дали на ова ќе остане министерот Тошковски и што ќе преземе? Ова е услов без кој не се може, за да продолжиме понатаму, услов без кој не се може да ја нормализираме Македонија, услов без кој не се може, а притоа да говориме дека ќе воспоставиме подобри животни стандарди од секој аспект. Оваа мисла треба да е водилка понатаму не само на работањето на МВР, туку во работењето на секоја една државна институција. Должни сме да понудиме едно нормално општество на сите граѓани“ одговара Тошковски.

Тој е дипломиран правник, адвокат со големо искуство, кој во својот технички мандат успеа да ја исполни главната цел поради која ВМРО-ДПМНЕ влезе во техничката Влада, спречување на изборна кражба.