Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Тошковски размислува за построги казни за трговија со пиротехника

Се размислува за заострување на казните за нелегалалната трговија и употреба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се размислува за заострување на казните за нелегалалната трговија и употреба на пиротехника со оглед на тоа што и оваа Нова година помина со енормно пукање на петарди и повредени граѓани. Миистерот за ватрешни Панче Тошковски е убеден дека потребни се поригорозни санкции и подигнување на јавната свест за употребата на пиротехника се со цел да се намали нивната употреба за време на празниците и граѓаните да се заштитат од повреди. За новогодишната ноќ на клиниките примени се седуммина, од кои пет деца и двајца мажи над возраст о д над 50 години. Едниот од нив на внуката и демонстрирал како се пука петарда, а другиот за да го заштити детето, од раце му го земал пиротехничкото средство. Двајцата завршиле на пластична хирургија каде им биле остранети врвовите на прстите. И покрај превентивната кампања на двете министерства, МВР и здравство, дошло до инциденти и затоа министерот Тошковски смета дека се потребни построги казни.

Министерот за здравство Азир Алиу,  упати апел до граѓаните да не се користат овие средства за преостанатиот дел од празниците, бидејќи, како што рече петардите не се играчка, нивното користење е забрането и може да предизвика сериозни повреди.

За разлика од лани, оваа година запленета на пиротехнички средства е зголемена дури за девет пати. Во 2025, запленети се 250 илјади парчиња пиротехнички средства, а лишени од слобода се 37 луѓе. Полицаец од СВР Велес заработил кривична пријава за нелегална трговија на пиротехнички средства, информираше Тошковски. Станува збор за запленети неверојатни 25 тони пиротехника, а според првичнеите информации од истрагата, полицаецот учествувал во внесувањето и транспортот на пиротехниката во земјава.

Реклама

Во однос на усмртеното двегодишно дете што настрада вечерта на Нова година, истрагата покажала дека трагедијата е настаната поради залутан куршум . Министерот Тошковски рече дека истрагата е сеуште во тек и се трага по сторителот. Во однос на обвнувањата на семејството за полициска бруталност, министерот појасни дека според информациите на Секторот за внатрешна контрола, полицајците постапиле согласно пријавата од вработените во Градска болница, за нарушување на јавен ред и мир од страна на семејството за загинатото дете.