Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Тошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем – потребен е заеднички и координиран одговор

Организираниот криминал во казнено-поправните установи не смее да се третира како изолиран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Организираниот криминал во казнено-поправните установи не смее да се третира како изолиран затворски проблем бидејќи криминалните структури може да продолжат да комуницираат, да влијаат и да ги одржуваат своите мрежи и по лишувањето од слобода, со последици врз интегритетот на институциите и ефикасноста на целиот систем на кривична правда – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во обраќањето на регионалната конференција „Организиран криминал во затвори: Зајакнување на интегритетот, разузнавањето и соработката во Југоисточна Европа“, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која учествуваат претставници на релевантни институции и експерти од земјите од регионот..

– Мораме отворено да ги препознаваме ранливостите. Пренатрупаноста, начинот на примена на притворот, недоволно развиените алтернативи, ризикот од регрутирање ранливи лица и можноста за коруптивно влијание создаваат простор кој криминалните структури го искористуваат. Истовремено, притисоците, заплашувањето и корупцијата може директно да ги нарушат интегритетот и отпорноста на затворскиот персонал. Овие предизвици се реални и не смееме да ги потцениме – рече Тошковски.

Тој потенцира дека интегритетот мора да биде една од темелните точки во справувањето со овој вид криминал преку јасни професионални стандарди, одговорно раководење, ефикасни механизми за проверка и спречување на корупцијата, како и институционална поддршка за службениците да може да се спротивстават на притисоците и влијанијата.

Реклама

Како особено значаен сегмент го издвои и разузнавањето во казнено-поправните установи нагласувајќи дека навременото препознавање на ризиците бара квалитетни информации, добра анализа и ефикасна размена на информации меѓу затворските служби, полицијата, Обвинителството и другите надлежни институции.

– Ниедна од овие мерки не може да даде целосен резултат без соработка. Од превенцијата и истрагата, преку обвинението и судењето, до извршувањето на санкцијата – институциите мора да гледаат на криминалот како на заеднички предизвик. Само преку координирани оперативни механизми, ефикасна размена на информации, заеднички обуки и јасни процедури за заштита на интегритетот можеме да изградиме отпорни институции, кои ќе ги штитат и безбедноста и човековите права – порача Тошковски.

Осврнувајќи се на регионалната димензија, министерот посочи дека транснационалните криминални мрежи, коруптивните ризици, притисоците врз вработените и недостигот на ефикасна размена на разузнавачки информации се предизвици што не познаваат граници и затоа бараат координиран, интегриран и долгорочен пристап.

Тошковски ги поздрави иницијативата и улогата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во поттикнувањето на регионалниот дијалог и создавањето платформа за практична соработка и размена на искуства меѓу институциите и експертите и истакна дека МВР останува посветено на продлабочување на соработката со партнерите во регионот и размената на искуства и добри практики, со цел градење посилни институции, побезбедни казнено-поправни установи и поефикасен и поотпорен систем на кривична правда во Југоисточна Европа.