Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во интервју за една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во интервју за една од националните телевизии најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“.

-И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал ова што сум го кажал – рече министерот, не изнесувајќи повеќе податоци.

Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори  поради недостаток на докази. Осомничени се 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и други, за злоупотреба на службената положба и перење на пари.

Реклама

-Затоа што знам некои докази коишто вие не ги знаете. И не може да ги знаете. А јас ги знам заради тоа што морам да ги знам. И ќе бидете шокирани и Вие и целокупната македонска јавност кога ќе дојде време да бидете шокирани. Ама позитивно. И тврдам дека ќе дојде тој ден. Заради тоа што за вакви дејствија ако ние оставиме така да се затворат, тогаш јас не треба да го работам ова што го работам во моментов. Нити па било кој од тие коишто работат во рамки на Министерството за внатрешни работи и особено во Јавното обвинителство треба да се таму каде што се. Треба да си одат од таму. Треба да дојдат некои нови, ако за овој предмет со тие докази што јас ги имам видено лично, остане вака приказната каква што е – изјави министерот за внатрешни работи.

Тој рече дека е крајно разочаран од она коешто беше како чекор преземено од страна на Обвинителството.

-И навистина сум крајно разочаран, крајно сум разочаран од она коешто беше како чекор преземено од страна на Јавното обвинителство не заради друго, заради тоа што овде има очигледна теорија на случај којашто можеби се граничи со теорија на заговор, како што кажавте и вие, од старт. Многу чудно зошто во овој временски период се случуваат токму овие работи поврзани токму со истиот ‘доминус литис’ во рамки на постапката. Многу чудно. Ќе каже времето зошто е тоа така. Јас не можам во оваа фаза да говорам повеќе – нагласи министерот.

На прашањето дали со ваквите изјави тој врши некој вид на притисок, Тошковски рече дека согласно она коешто го поседува, доказниот материјал, ова е најблагиот начин на којшто јас може да комуницира во јавност.

-Поблаг од овој не познавам. Ова е најблагиот начин. А и вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал, ова што сум го кажал. Во врска со затоворената истрага, државната компанија ЕСМ поднесе приговор до Вишото јавно обвинителство и барање за контрола до Републичкото јавно обвинителство. Јавната обвинителка Коларевиќ во повеќе наврати тврди дека истрагата е затворена, меѓу другото, и затоа што претставници на ЕСМ на записник изјавиле дека компанијата не претрпела штета од тендерите. Електрани, пак, тврдат – лицата биле пратени како претставници кои би објасниле технички аспекти, а не во име на менаџерскиоте тим да говорат за штета – додаде министерот.