Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Tошковски: Ќе има нов пристап за сообраќајни прекршоци преку смс известувања и камери на црни точки

Ако пишува 50, а вие возите 80 или, пак, веќе е жолто,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако пишува 50, а вие возите 80 или, пак, веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо, казната ќе ве стигне, ќе добиете СМС порака со фотографија од прекршокот и платен нало. Ова е начинот на кој ќе функционира системот сејф сити. Камерите се поставуваат, а освен во Скопје, Тетово и Куманово,  овој систем ќе се имплементира низ целата држава, најави министерот Тошковски. Врски нема да поминуваат, порачува првиот човек на МВР.

„Со имплементацијата на „сејф-сити“, овие проблеми кои се наталожени во минатото треба да бидат процесирани во рамки на едно системско решение, решение во кое што не ќе може да влијае никој, туку секој прекршител кој ќе вози со недозволена брзина, ќе паркира на забрането место или ќе управува нерегистрирано возило, ќе биде евидентиран од самиот систем и ќе се преземат соодветни мерки“, додаде Тошковски.

Сепак за да функционира комплетно системот, неопходна е брза реакција од судството и неселективно применување на законите. Министерот Тошковски појасни дека  постои сериозен проблем во судската пракса, каде што понекогаш казните за прекршоци кои доведуваат до загуба на живот се премногу благи и мали.

Реклама

„Јас лично, а и врз основа на сите анализи, гледам огромен проблем во судската пракса, во квалификацијата на одредени дејствија од страна на обвинителите и изрекувањето на санкциите од страна на судовите. Како министер за внатрешни работи не би требало да навлегувам во конкретни судски пресуди, но факт е дека имаме пресуди каде што дошло до загуба на човечки живот, а некои луѓе, додека биле во затвор, сториле таков тип на прекршок и за тој прекршок добиле казна од 6 месеци затвор“, изјави Тошковски.

А во меѓу време граѓаните преку иницијативата „КОЈ Е СЛЕДЕН“ што ги организира протестите по прегазувањето на младата Фросина на пешачки на Партизанска,  организираа мирен протест затворајќи ја Илинденска, пред зоолошката градина во главниот град. Побараа да се ограничи брзината на возење по булеварите.

„На патиштата се вози со 70-90км, мора тоа да се ограничи на 50км, булеварите да станат мирни” изјави Крсто Минговски, сообраќаен експерт.

На терен засилени полициски контроли. Само за 24 часа во главниот град биле санкционирани 570 возачи, од кои 150 од нив возеле со поголема брзина од дозволената.