Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Добро организираната акција за откривање на амфетамин е резултат на напорите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добро организираната акција за откривање на амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, рече министерот Панче Тошковски, денеска при посетата на ГП Табановце-Прешево на кој беше промовиран „One Stop системот“ за побрз проток и помалку чекање на граѓаните.

-Сето она коешто се случуваше во текот на вчерашниот ден е само уште еден доказ дека МВР е силно посветено против нелегалната трговија со дрога. Оне историски резултати коишто се покажуваат во изминатата година навистина се впечатливи и покажавме дека со труд, со работа и посветеност можеме да се спротивставиме на нарко-дилерите во Македонија. Вчерашната акција беше поврзана токму со ова, откриени, се фатени се при оваа полициска акција, добро организирана, подолг временски период, пет килограми амфетамин коишто се поврзани со одредени криминални групи во Македонија. Сега, засега не би можел да изнесам дополнителни детали, се постапува во координација со надлежен јавен обвинител и ќе бидат процесуирани пред судија на претходна постапка, оние коишто се инволвирани во рамки на овој кривично-правен настан, рече Тошковски.

Дополнително, тој посочи дека дрогата била наменета за македонскиот пазар. Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека оваа акција не е поврзана со претходната акција во Струмица.

Реклама

– Да, знам дека одредена група на полициски службеници коишто не постапувале, согласно напатствијата коишто ги имаат беа предмет на работа на одделот за внатрешна контрола, како заврши постапката не би можел да споделам во овој момент, може дополнително да се сподели со јавноста, таа информација. Но, знам дека одделот за внатрешна контрола постапуваше, одговараше Тошковски на новинарски прашања.