Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Топло утро, нестабилно попладне: Дожд, грмежи, засилен ветер и температури до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност претпладне. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер. Минималните температури, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се движат од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност претпладне. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.

Минималните температури, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, а максималната температура од 22 до 33 Целзиусови степени. 

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 33 Целзиусови степени. 

Реклама

Од УХМР најавуваат во текот на новата седмица да се се задржи топло време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град. Од петок се очекува стабилизирање.