Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Толку од свежиот воздух: Како што запреа снежните врнежи, така се врати загадувањето

Метрополата со години се гуши, воздухот во Скопје е токсичен, иако сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Метрополата со години се гуши, воздухот во Скопје е токсичен, иако сега малку полесно се дише, очигледно ни снегот не помогна доволно. Според мерењата на IQAir и денеска стои дека „воздухот е нездрав“, мерните станици во Кисела Вода, кај Млечен, Гази Баба, Лисиче се во црвено.  Препораките на светската платформа се да се носи маска на отворено и да се избегнуваат активности на отворено.

Граѓаните велат дека деновиве е малку е почисто, но загадувањето им пречи и претставува сериозен проблем, не можат да пешачат, не поминуваат премногу време надвор низ скопските улици, а спасот кога времето им дозволува го бараат надвор од Скопје.

Изминатиот период Скопје беше прв најзагаден град во светот, а често сме високо на листата на најзагадени градови во Европа. Загадувањето е особено повисоко во вечерните часови, кога дури и се чувствува мирис на чад . Според последниот извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој најпогодена од загадувањето на воздухот е Македонија. Земјава според тоа истражување бележи високи саптки на смртност како последица на аерозагадувањето.

Реклама

Пред Нова Година граѓаните излегоа и на протести барајќи решение за загадувањето.

Отровниот воздух станува тема во јавноста најчесто со стартот на грејната сезона кога во комбинација со сообраќајот во Скопје не се дише.  Покрај домаќинстватаж и  зголемениот сообраќај  очигледно е дека свој имапкт во квалитетот на амбиенталнот воздух има и индиустријата.

До редакцијата на Алфа постојано стигнуваат поплаки од граѓани кои за загадувањето прстот го вперуваат во дел од индустриските капацитети. Токму поради ова во наредниот период ќе направиме темелно истражување за да ги лоцираме жешките еколошки точки.