Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Tоа што Царовска го уништи, сега Jаневска се обидува да го поправи: Законот за средно образование ја мина првата фаза

ВМРО-ДПМНЕ и Весна Јаневска се обидуваат образованието повторно го поставаат на цврсти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ и Весна Јаневска се обидуваат образованието повторно го поставаат на цврсти темели, откако Царовска и СДСМ СДСМ го фрлија на колена. Законот за средно образование во кој се предвидува интонирање на македонската химна на значајни настани и датуми го помина првиот филтер во собранието, но без поддршка од опозицијата која повторно обвинуваше дека е само обид со кој се поттикнуваат меѓуетнички поделби, истата опозиција која не така одамна нудеше реформи кои го оспоруваа половиот идентитет на родителите на учениците.

Дека нема ништо спорно во законот за средно образование може да се види и на сајтот на министерството каде е објавена конечната верзија. Имено, Со предложениот закон за средното образование, средното образование се дефинира како институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој овозможува образование за сите ученици во средното образование, вклучително и за деца со странско државјанство или деца без државјанство, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост. Првпат се воведува кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, дигитални вештини, квалификации стекнати по завршување на средното образование. Со новиот закон се воведува и нова концепција за испити на крајот на средното образование.

За експертите во законот најмалку спорна е интонацијата на химната, сметаат дека преку образовнит процес децата треба да бидат усмерени кон вредностите кои се дел од нашата култура и традиција, очекуваат брза имплементација.

Реклама

“Најкоментиран дел од законот всушност е химната која што воопшто не треба да се коментира бидејќи почитувањето на државните симболи е нужност на сите државни институции, и воопшто на сите граѓани. Оттаму нема зошто да дискутираме на оваа тема” изјави Васко Гичевски, просветен работник.

“Не смее да предизвикува меѓуетнички тензии бидејќи тоа е, како што реков, по националност, институционално сите сме Македонци, а етнички, односно народно се делиме на Македонци и Албанци и мислам дека воопшто не би требало да преставува проблем да се имплементира химната во институциите” изјави Горјан Василевски, просветен работник.

 А не така одамна реформите во образованието беа целосно усмерени во спротивна насока. Тогаш владеачките СДСМ И ДУИ носеа закони со кои родителите во училишната евиденција беа именувани како родител 1 и родител 2, а пак измените во програмите кои беа катастрофални допринесоа да настане хаосот кој резултираше со недостиг на учебници кои подоцна беа изработени и испечатени, па повлечени поради грешки кои беа резултат на елементарни непознавања на експертите кои ги изработуваа. Ништо не се случи ниту со долго најавуваната дигитализација во образованието.

 Инаку, законот пред да биде доставен во собрание помина низ повеќе филтри пред да биде донесена конечната верзија која беше доставена до комисијата за образование во собранието која го поддржа законот по што беше ставен на расправа пред пратениците.

Даниел Ѓорѓевски