Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

Лансирањето доаѓа во време кога потрошувачите во Европа и пошироко сè почесто избираат помалку, но поквалитетни производи со јасно потекло. За македонските производители тоа значи дека домашното грозје може да добие повисока вредност доколку се преработи во одлежани производи, наместо да се продава како рефус вино или суровина. Lyxa е одговорот на „Тиквеш“ на ова движење, а компанијата очекува таа да стане силен извозен производ.

„Со Lyxa го надградуваме премиум сегментот на нашето портфолио и го применуваме долгогодишното знаење на ‚Тиквеш‘ во создавање производи со повисока вредност и реален потенцијал на пребирливите странски пазари. Ова е значајно не само за компанијата, туку и за тоа како се перцепира Македонија: како земја со сопствено знаење, традиција и умешност во производството на висококвалитетни пијалаци од грозје“, изјавија од „Тиквеш“.

Реклама

Lyxa се создава од внимателно избрани вина, базирани на премиум локални сорти грозје. Преку контролирана винификација се зачувуваат нивните примарни ароми, по што следува дестилација инспирирана од традиционалното производство на армањак и одлежување во дабови буриња, од кои дел се постари од 50 години.

Lyxa VS одлежува во буриња од славонски даб во просек четири години. Се одликува со интензивна златно-црвеникава боја и изразен овошен карактер, со ароми на сушено овошје, карамел, кафе и чоколадо.

Lyxa VSOP е покомплексниот израз на линијата. Одлежува во просек осум години во комбинација од буриња од славонски и француски даб, што му дава повеќе слоевитост, структура и зрелост. Се одликува со црвеникаво-килибарна боја, ароми на бадем, ванила, кафе, чоколадо и чад, како и долг, сладок финиш.

Шишето и етикетата ги дизајнираше париската агенција Appartement 103, чиешто портфолио во сегментот на жестоки пијалаци вклучува и пакувања за Hennessy, меѓу кои Hennessy V.S.O.P Privilège и ограничените изданија на X.O. На етикетата е прикажан балканскиот рис, критично загрозен вид карактеристичен за овој регион. Тој е избран како симбол на карактер и издржливост: животно што опстанало без да се прилагоди или да омекне, исто како и бескомпромисниот пристап зад овој вињак.

Lyxa е наменета за домашниот, како и за регионалните и странските пазари. Во Македонија веќе е достапна во продавниците, а на извозните пазари ќе биде достапна од почетокот на октомври. Со лансирањето, „Тиквеш“ настојува да придонесе и кон обновување на интересот за вињакот како категорија што се темели на квалитетно грозје и вино, стручна дестилација и долгогодишно одлежување во дабови буриња.