Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ТХП поднесе претставки до ДКСК и КСЗД поради распределбата на средствата од Министерството за односи меѓу заедниците

Партијата за движење на Турците (ТХП) денес поднесе претставки до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), барајќи институционална проверка на постапката за распределба на финансиските средства од Министерството за односи меѓу заедниците за 2026 година, се вели во денешнопто соопштение од  Партијата за движење […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата за движење на Турците (ТХП) денес поднесе претставки до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), барајќи институционална проверка на постапката за распределба на финансиските средства од Министерството за односи меѓу заедниците за 2026 година, се вели во денешнопто соопштение од  Партијата за движење на Турците (ТХП). 

Повод за поднесување на претставките се јавно објавените резултати од конкурсот, според кои финансиска поддршка добиле 36 проекти на здруженија и фондации, додека ниту еден проект на организација што дејствува во интерес на турската заедница не бил избран за финансирање.

Како политички субјект кој ги застапува интересите на турската заедница во Република Северна Македонија, ТХП изразува сериозна загриженост поради ваквиот исход и смета дека надлежните институции се должни да утврдат дали постапката била спроведена законски, транспарентно и без дискриминација.

Реклама

Во претставката до ДКСК се бара испитување на целокупната постапка за распределба на средствата, начинот на примена на критериумите за избор, како и проверка за евентуален судир на интереси, пристрасност или други неправилности во процесот на одлучување.

Во претставката до КСЗД се бара да се утврди дали во конкретниот случај постои директна или индиректна дискриминација врз основа на етничка припадност, односно дали организациите што дејствуваат во интерес на турската заедница биле ставени во понеповолна положба во однос на организациите на другите заедници.

ТХП не бара привилегии за ниту една заедница, туку доследна примена на принципите на еднаквост, правичност и транспарентност кои се темел на демократското општество. Сметаме дека институциите имаат обврска да обезбедат еднаков пристап до јавните средства за сите заедници и да гарантираат дека процесите на одлучување се ослободени од каква било дискриминација или политичко влијание.

Очекуваме ДКСК и КСЗД во најкус можен рок да ги разгледаат поднесените претставки, да ги утврдат сите релевантни факти и да постапат согласно своите законски надлежности.