Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Тетовската поштенска подружница доби пет од новите возила, сега имаат вкупно осум

Пред тетовската подружница на „Македонски пошти“ денес пристигнаа пет нови возила, кои се дел од неодамнешната државна набавка на транспортни средства за оваа установа на целата територија на Македонија. Сега бројот на вакви возила со товарен дел се зголемува на вкупно осум.  -Според нашите анализи мислиме дека се доволно, но ако има потреба ќе додадеме […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред тетовската подружница на „Македонски пошти“ денес пристигнаа пет нови возила, кои се дел од неодамнешната државна набавка на транспортни средства за оваа установа на целата територија на Македонија. Сега бројот на вакви возила со товарен дел се зголемува на вкупно осум. 

-Според нашите анализи мислиме дека се доволно, но ако има потреба ќе додадеме плус возила очекувам со ова да биде доставата ефективна и поефикасно работењето на Пошта за услугите што ги нуди према граѓаните и се надевам на уште подобар резултат. Очекуваме и нови инвестиции во делот на инфраструктурата на одржувањето на објектите и се надевам дека веќе покажуваме сериозни работи шо и да ме на композити во делот на техничката спецификација на возилата, изјави Орхан Куртиши, генерален директор. 

Се работи за најнови модели на „Фиат Добло“ од 2026 година, кои можат да пренесат пакети со вкупна тежина до 750 килограми, а во делот за складирање се вградени камери за следење на движењето и работењето.

Реклама

-Опремени се прво за оние што ќе ги користат возачите со најсовремена опрема – навигација, климатизација, сензори, задни камери, се што може да има модерно возило во сегашната производство на редовна линија. Водевме сметка во техничката спецификација кога ги набавуваме возилата и за товарниот дел, да ги исполнува условите доволно да можеме брзо и ефикасно да ги исполнуваме услугите на дневна основа согласно закон за поштенски услуги, големината на пакетите бројот на пакети и така натаму. Во товарниот дел за прв пат воведуваме камера којашто 24 часа ќе го следи работењето на возилото, односно ќе ги следиме пратките, изјави Николче Угринов, заменик генерален директор во Македонски пошти

Инаку, вкупно 100 транспортни возила, од кои 90 пикап-автомобили и десет комби-возила, беа набавени во април од страна на Владата и Министерството за транспорт за потребите на поштата.