Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Телекомуникацискиот „4iG Group“ отвара компанија во Македонија

По Албанија и Црна Гора, унгарскиот оператор „4iG Group“ започна со подготовки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Албанија и Црна Гора, унгарскиот оператор „4iG Group“ започна со подготовки за влез на пазарот во Македонија. Ќе ја основа подружницата „ONE Macedonia Telecommunications“. Со одлука на Одборот на Групацијата новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group. Регистрацијата е завршена, а целта е што побрз влез на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

„Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ONE Macedonia Telecommunications е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Македонија“ вели Тамаш Табори, директор на One Macedonia Telecommunications

Вицепремиерот и министер за трнспорт, Александар Николоски во повеќе наврати изјави дека очекува оти со доаѓањето на нов оператор ќе се зголеми пазарната конкуренција, ќе се намалат цените, ќе се подобрат  телекомуникациските мрежи и ќе се забрза дигитализацијата на земјата. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека тендер за трет оператот ќе има, оти ставот на новата влада е дека заврши времето на договори во 4 очи. Инаку 4iG потпиша меморандум за разбирање со македонската влада.

Реклама

Со завршувањето на процесот на регистрација на компанијата, извршен директор на One Macedonia Telecommunications ќе биде Тамаш Табори.

Давид Крстевски