Реклама

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Македонија

Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20 отсто попуст на услугите во текот на целата година

Владата покажа дека младите се еден од главните приоритети и дека вложувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата покажа дека младите се еден од главните приоритети и дека вложувањето во нивното образование, развој и подобар животен стандард е важен дел од владините политики. Од почетокот на мандатот веќе се преземени повеќе конкретни чекори во таа насока.

Постојано се работи на отворање нови можности за вработување и самовработување на младите, реконструкција и подобрување на условите во студентските домови, воведување нови категории стипендии, како и намалување на дигиталната нееднаквост. Тоа се мерки што одговараат на различните потреби на младите и имаат за цел да им овозможат подобри услови за образование, работа и личен развој, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Дамјан Коњановски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата продолжува со нови решенија преку кои студентите ќе добијат дополнителни поволности и конкретни финансиски придобивки во секојдневниот живот.

Реклама

Станува збор за ново законско решение, со кое секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги.

Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите  ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.

За подготовката на ова законско решение се вклучени повеќе надлежни институции, кои работат во меѓусебна координација. Во процесот учествуваат Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии.

Исто така, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

Почитувани, Нашата цел е поддршката за студентите да одговори на повеќе аспекти од нивниот секојдневен живот.  Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки и законски решенија насочени кон младите. Преку подобри услови за образование, нови можности за вработување и дополнителни финансиски поволности, целта е младите да имаат повеќе причини и можности да ја градат својата иднина дома.