Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни. Поради појава на магла намалена видливостдо 100 метри има на патниот правец Демир Хисар – с.Железнец и с.Кривогаштани – Крушево, а од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Плетвар и Страцин.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Посочуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони и додаваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

