Реклама

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Свет

НАТО подготвен да се брани и одговори на заканите од вселената, Русија се сомничи дека планира да лансира сателит со нуклеарно оружје

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, порача дека Алијансата има подготвени опции…

Сподели:
epaselect epa12584547 German Chancellor Friedrich Merz (R) welcomes North Atlantic Treaty Organization (NATO) Secretary-General Mark Rutte at the Chancellery in Berlin, Germany, 11 December 2025. The German chancellor and NATO secretary-general met for talks. EPA/CLEMENS BILAN

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, порача дека Алијансата има подготвени опции за одговор на какви било закани што би дошле од вселената. Изјавата следува по медиумските извештаи дека Русија наводно се подготвува да лансира сателит опремен со нуклеарна боева глава.

Според германските медиуми, разузнавачки информации за можно руско лансирање во следните 60 дена веќе биле споделени со земјите членки на НАТО. Станува збор за сателитот „Спутник-С“, кој, според наводите на германските медиуми, би можел да биде искористен за онеспособување или уништување други сателити, меѓу кои и оние што се важни за комуникациите и набљудувањето.

„Ќе се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа подразбира и заштита од закани што доаѓаат од вселената. Имаме различни опции за одговор“, изјави Руте.

Реклама

Од Кремљ засега ги отфрлаат овие информации. Портпаролот Дмитри Песков рече дека не ги видел извештаите, но ги оцени како несериозни.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц не сакаше ниту да ги потврди, ниту да ги демантира наводите, но предупреди дека тие укажуваат на степенот на ескалација на кој, според него, е подготвена Русија. Тој оцени дека информациите за плановите за испраќање нуклеарно оружје во вселената не се нови, но и натаму се шокантни.

Русија е потписничка на Договорот за вселената од 1967 година, со кој се забранува поставување оружје за масовно уништување во орбитата. Сепак, развојот и распоредувањето други видови оружје во вселената остануваат предмет на загриженост кај големите светски сили.