Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Телефонски именик полн со обвинети имиња – продолжи судењето против судијата Ѓоко Ристов

Вице Заев, Пуцко Петрол , Боки 13-ка, Фросина Ременски, Љупчо Пецов Ѓаволот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вице Заев, Пуцко Петрол , Боки 13-ка, Фросина Ременски, Љупчо Пецов Ѓаволот, Фехми Стафа, , Енвер Беџети – телефонскиот именик на екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов бил богат со имиња на моќни и влијателни луѓе, но и с обвинети за кои се водат судски просеци. Обвинителството освен зачуваните мобилни контакти, прочита и пораки на Ристов кој беше уапсен по пронајдени 350 илјади евра заѕидани во домот на неговите родители. Тој се распрашувал и за постапки кои биле кај разрешениот судија од црната листа,  Енвер Беџети. 

„Поврзано со коруптивни практики и дејствија, како предикативни елементи на перењето е едно од делата за кои се гони обвинетиот. Во таа смисла беа презентирани овие докази кои упатуваат на контакти и комуникации, кои по наша оценка се недозволени“, изјави Искра Хаџивасилева, обвинител во ОЈО ГОКК.

На рочиштето беше презентирано и економско вештачење, со кое обвинителката тврди дeка платите кои ги примале Ристов и неговата сопруга не ги оправдале заѕиданите 350 илјади евра.

Реклама

„Обвинетиот и сопругата особено, како и останатитеимаат приливи од извори кои се обезбедени низ документите кои единствено постојат и не одговараат и не го оправдуваат износот за кој се гони обивнетиот.“, Искра Хаџивасилева– Обвинител во ОЈО ГОКК.

Според бранителот на Ристов, само 570.000 евра на Ристови не се објаснети, но нивниот вештак ќе го прикаже потеклото на тие пари на следните рочишта.

„Ако веќе тврди дека тие лица не трба да ги има во телефон и е сомнително што ги има, треба да обезбеди докази што тој направил со тие лица“ изјави Ѕвонко Давидовиќ – Адвокат на Ристов.

Претходно  презентирани беа и разговори снимени со посебни истражни мерки, а според обвинителството снимките покажуваат како била договарана средба меѓу екс судијата Ристов и лица поврзани со двајца обвинети за тешки кривични дела.