Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Театар „Антон Панов“ – Струмица не учествува на овогодишното издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

По внимателно и долгогодишно следење на состојбите поврзани со Меѓународниот фестивал на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По внимателно и долгогодишно следење на состојбите поврзани со Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, и по добиената покана за учество, ве информираме дека Театар „Антон Панов“ – Струмица, по темелна и одговорна анализа, донесе тешка, но принципиелна одлука да не учествува, односно да го бојкотира годинешното издание на фестивалот.

Оваа одлука не е насочена против фестивалот, ниту против неговото богато наследство, туку претставува принципиелен став во одбрана на институционалноста, професионалноста и јавниот интерес.

Фестивалот „Ристо Шишков“ е создаден во Струмица, произлегол од идејата и визијата на вработените во тогашниот Дом на културата, денешен НУЦК „Антон Панов“, и од своето основање па сè до денес, овој фестивал е неразделно поврзан со струмичкиот театар. Затоа, како матична институција од која произлегол фестивалот и во чии простории тој се одржува, чувствуваме професионална, морална и институционална обврска да реагираме кога неговиот развој се оддалечува од вредностите врз кои бил создаден.

Реклама

За жал, од моментот кога управувањето со фестивалот премина под влијание на политизирани структури, НУЦК „Антон Панов“ – Струмица и неговите театарски работници беа постојано и систематски маргинализирани, за на крај да бидат и практично отстранети од фестивалот што самите го создадоа. Сметаме дека ваквиот однос не произлегува од професионални причини, туку од сомнителен пристап кој со години ја поткопува природната врска помеѓу фестивалот и неговата матична институција.

Истовремено, актерите и останатите театарски професионалци од НУЦК „Антон Панов“ со години укажуваат на континуирано опаѓање на уметничките критериуми и квалитетот на фестивалската програма.

Како национална установа чија основна дејност е создавањето и развојот на театарската уметност, сметаме дека не смееме да останеме неми кога најзначајниот театарски фестивал во нашиот град функционира на начин што отвора сериозни прашања за транспарентноста, отчетноста и институционалната поставеност. Нашата обврска не е само да создаваме претстави, туку и да ги штитиме професионалните стандарди на македонскиот театар.

Поради тоа, чувствуваме обврска да поставиме неколку прашања на кои јавноста со години не добива одговор.

Како е можно долги години,континуирано, фестивалот да се поврзува со едно исто лице и ист управувачки концепт, без институционална ротација, без пошироко учество на релевантните културни чинители и без јасно утврдени механизми на отчетност?

Кој и кога донел одлука фестивалот да функционира како здружение на граѓани, наместо како институционална културна манифестација, каква што беше при неговото основање?

Зошто од 2017 година градоначалникот на Општина Струмица повеќе не е претседател на Советот на фестивалот, иако токму таа практика беше гаранција дека фестивалот е од јавен интерес и под институционален надзор?

Дополнително, според јавно достапни податоци од Централниот регистар добиени во мај 2026 година, во составот на органите на здружението и понатаму фигурира името на Благој Стефановски, иако тој почина во 2020 година. Тоа отвора сериозни прашања околу ажурирањето на органите на управување и почитувањето на законските и статутарните обврски.

Сметаме дека културните манифестации од национално значење мораат да бидат управувани транспарентно, отчетно и во интерес на јавноста, а не да создаваат раздор, сомнежи и недоверба. Културата не е ничија приватна сопственост, а Фестивалот „Ристо Шишков“ не им припаѓа на поединци. Тој им припаѓа на актерите, режисерите, драмските автори, публиката, градот Струмица и македонската култура. Нашата должност е да го зачуваме токму таков.