Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

Се трудиме да ги изгаснеме огновите кои сме ги наследиле и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се трудиме да ги изгаснеме огновите кои сме ги наследиле и со стратегија да ги подобриме состојбите, а веќе од понеделник ќе се обезбедат сите лекови кои недостигаат за терапија на онколошките пациенти, рече министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на пратеничкото прашање од Тони Јаревски на денешната собраниска седница кој побара одговорност за состојбите во кои западнало јавното здравство и проблемите во универзитетската клиника за онкологија. Таравари вината ја префрли на претходното раководство и остро ги критикуваше настапите на опозициската СДСМ поврзани со „случајот“ Онкологија.

„Јас не знам како министерот Филипче има лице и кредибилитет да излезе и да критикува за нешто што во неговиот мандат беше најголем скандал во министерството за здравство во последниве 3-4 години. Тоа што настана во Онкологија е скандал пар екселанс и мене ми е жал што сè уште нема едно судско решение. Во меѓувреме ние се трудиме таму да ги решиме работите и лековите да не се земаат на реверс“, рече министерот Таравари.

Тој напомена дека порано лековите на Онкологија кои чинеле многу не се набавувале според процедури и како што напомена таа практика ќе биде прекината.

Реклама

Министерот за здравство Арбен Таравари на пратеничко прашање изјави дека промената на Уставот за одблокирање на евроинтеграциите на земјата, било една од точките на договот со коалицискиот п

„Биолошката терапија е многу скапа. Не може да ја препише лекар кога ќе му текне, треба да има конзилиум на лекари кои ќе кажат дека тука е индицирано и треба да се земе таа терапија. Зошто? Ова е скапа терапија што ја плаќаме од државниот буџет и треба да ја земат тие случаи кои имаат потреба. Интервениравме и денес, неколку од тие онколошки лекови се на Клиниката за онкологија. Други утре ќе ги донесеме, бидејќи на дистрибутерите им треба време, а некои в понеделник. В понеделник ќе бидеме 100 отсто комплетирани“, рече министерот Таравари.

Според него преземени се мерки за злоупотреби на скапите лекови, да се продаваат или даваат таму каде што нема потреба од биолошка терапија и напомена дека се работи на регистар на сите пациенти кои имаат потреба од вакви лекови или се третираат со вакви лекови. Тој во одговорот на пратеничкото прашање наброја што сработиле како Влада и напомена дека меѓу првите задачи било решавањето на проблемот со гасната станица на хирургија, болницата во Штип, барањата на синдикатите за повисоки плати и дополнување на позитивната листа на лекови.

Таравари најави дека во тек е решавањето на прашањето со вработените на дело (околу 1.500), а за, како што рече 1.200 ќе се решат наскоро.

„Здравствените институции ги менуваат систематизациите, за да ги адаптираат и да објават конкурс и тоа да помине административно. Од премиерот има дозвола до крајот или средината на март, јас мислам дека ќе се реши овој проблем“, рече Таравари.

Првиот човек на македонското здравство посочи дека се работи на стратегија, среднорочно и долгорочно решение на здравството. За плановите и инвестициите во Министерството тој наброја неколку проекти за подобруваме некои оддели, Дигестивна, Урологија, Ургентниот центар во Клиничкиот центар, за болниците во Кичево и Штип, за болницата во Струмица и Св. Еразмо, за доопремување на болниците во Гостивар и Тетово.