Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Таравари: Покачени плати од 2500 до 6200 денари

Поголеми плати за сите здравствени работници. Од 1 април со линеарното зголемување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголеми плати за сите здравствени работници. Од 1 април со линеарното зголемување, по 2500 денари повисоки приходи ќе добијат сите вработени во јавниот здравствен сектор. Согласно ноемвриското покачување и ова во април, вкупниот раст на платите сега достигна 4815 денари.

Уште повисоки се примањата на медицинските сестри. Со новото покачување тие сега ќе добијат зголемување на платата за 6200 денари. Министерот за здравство, Таравари, рече дека ова е најголем реален пораст на платите во последната деценија.  

„Овие бројки не се само статистика, тие значат многу повеќе, сигнурност поголема мотицација и заслужено признание за макотрпната работата на илјадници лекари и сестри техничари и административен персонал“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Реклама

Просечната плата во здравството сега достигна 50200 денари, а целта на Владата како што рече Таравари е да се изгради здравствен систем во кој професионалците ќе се почувствуваат ценети, мотивирани и подготвени да останат да работат во Македонија.

„Со ова испраќаме порака дека за достоинството на здравствените работници не се преговара. Тоа се брани и се унапредува и ова е само почеток. Министерството за Здравство продолжува со работење на системски реформи насочени кон унапредување на работните односи дополнително образование и развој со цел да се обезбеди стабилност и квалитетен зс како и да се обезбеди довербата на граѓаните“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари..

Зголемувањето на платите во јавното здравство е во рамки на спогодбата која премиерот Мицкоски и министерот Таравари ја постигнаа минатата година, а со која однапред е планиран повеќегодишен раст на платите во Јавното здравство. Мицкоски на социјалните мрежи напиша дека со инфлацијата реалниот раст сега изнесува 9,4%, во споредба со периодот 2021-2023 година кога достигнал 3,8%. Македонија повторно станува ваша, напиша Мицкоски.