Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Taравари: Не можеме за 8 месеци од македонското здравство да направиме норвешко

Наследивме девастирано и комплетно дегенерирано здравство и нормално е дека е невозможно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наследивме девастирано и комплетно дегенерирано здравство и нормално е дека е невозможно со магично стапче за 7 до 8 месеци од македонско здравство да направите норвешко или шведско здравство, изјави  министерот Арбен Таравари во интервју за Радио Слободна Европа.  

Во изминатите месеци, како што вели, прават сѐ според можностите да се подобрат состојбите, спомнувајќи дека е потпишан колективниот договор со медицинскиот кадар и медицинскиот персонал.

„Покачени се платите на докторите за 5 отсто минатата година, од 1 ноември, и во март треба уште 5 отсто повторно, додека за медицинските сестри е покачена до 17 отсто платата. Ова е една од работите што е направена“, рече Таравари.

Реклама

За најавеното вработување на 600 приватни специјализанти, вели дека болниците може набргу сами да објават конкурси и да ги вработат. Тој соопшти дека 300 ќе бидат вработени до крајот на март, 300 други до крајот на декември 2025.

„Имено 1.200, односно 1.180 средномедицински кадар, генерално, коишто беа договорци по пет, 10 и повеќе години, исто така, до крајот на март, треба на сите овие да им се даде решение во здравствените установи. Меѓутоа, чекаме заедно со специјализантите и овие да бидат третирани“, посочи министерот во интервјуто.

Наскоро тој очекува ГОБ „8 Септември“ да стане  регионална болница и дека интензивно се работи на подготвување на целата документација. Како што рече, не само „8 Септември“, регионални болници ќе станат и клиничките болници во Тетово, Штип и во Битола.

Во врска со долговите на установите во јавното здравство , Таравари смета дека треба да се најде решение, а едно од можните решенија  е „можеби, кога ќе ја направиме Стратегијата – да размислиме да почнеме од почеток“.

За потребата од  рационализирање на болниците, Таравари одговори дека „имаме луксузно здравство во моментот“ затоа што во два блиски града работат болници што даваат исти услуги за пациентите како што е случајот со Струга и во Охрид, кои што се седум километри оддалеченост, а во овие два града да имаме седум болници, ила пак Тетово и Гостивар, коишто се на 25 километри, а имаат две огромни болници.