До нова година ќе биде распишан оглас со кој ќе се реши статусот на околу 1.100 вработени во јавното здравство кои досега работеа со договор на дело, вели ресорниот министер. Според Арбен Таравари тоа било доказ дека работите се движат во вистинска насока. Сепак, признава дека потребата од кадар е огромна и дека на овој начин само делумно ќе се реши проблемот.