Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“

СВР-Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР-Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“, соопшти МВР.

Пријавените, во периодот од 2022 до 2026 година, со умисла и намера за себе да прибават значителна имотна корист во повеќе одделни случаи ја искористувале тешката финансиска состојба на лица од Струмица и пошироко и им давале парични средства на заем, кои договарале да им бидат вратени со несразмерно високи камати и неповолни услови, а воедно барале да им враќаат и дневна камата во износ од 3.000 денари или 50 евра за секој ден задоцнување.

Л.К. и Н.К. се сомничат и дека со закани ги присилувале лицата да им ги исплаќаат паричните средства во износи кои повеќекратно ги надминувале првично позајмените суми. Додека, Д.К. се сомничи и дека во март 2026 година, откако лице му ги вратило паричните средства кои му ги должело, тој од раце му одзел и други парични средства и на тој начин сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Реклама

-Во изминатиот период, полициски службеници од СВР Струмица постапуваа по повеќе одделени случаи пријавени од оштетени лица, кои од пријавените земале пари под наем, при што се обезбедени материјални докази кои ги потврдуваат изјавите на оштетените и сомнението за сторените кривични дела, нагласи МВР.