Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

СВР Штип со превентивни мерки за безбедно одвивање на „Штипска Пастрмалијада 2026“

По повод одржувањето на традиционалната манифестација  „Штипска Пастрмалијада 2026“, која ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод одржувањето на традиционалната манифестација  „Штипска Пастрмалијада 2026“, која ќе се одржи на 18 и 19 септември 2026 година на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на Градскиот стадион, за обезбедување на безбедно и непречено одвивање на манифестацијата и концертот, полициски службеници ќе бидат ангажирани во зголемен број и повидливо присутни на теренот- информираат во пишано соопштение од СВР-Штип.

Надлежните од СВР-Штип посочуваат дека зголеменото полициско присуство ќе има пред се превентивен карактер, со цел спречување на кривични дела и прекршоци.

-СВР Штип упатува апел до сите граѓани и посетители за одговорно однесување, почитување на законските прописи, сообраќајната сигнализација и насоките на полициските службеници. Воедно, упатуваме посебен апел до граѓаните на општина Штип, доколку имаат можност, во текот на манифестацијата да го намалат непотребното користење на моторните возила, особено на 19 септември и во периодите на најголема посетеност- се посочува во соопштението од СВР-Штип.

Реклама

Во него се додава и дека со тоа граѓаните на Штип ќе придонесат за намалување на сообраќајниот метеж, полесно и побезбедно движење на граѓаните и гостите, како и непречено одвивање на манифестацијата и концертот.