Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

🎥 Светски ден за борба против хепатитис

Терапијата за хроничен Хепатит Б конечно ќе биде на позитивната листа, навремени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Терапијата за хроничен Хепатит Б конечно ќе биде на позитивната листа, навремени резултати од скрининг тестирања за пациентите наместо чекање три месеци, нова алатка на вештачка интелегенција што ќе алармира кога нешто не е во ред со пациентот преку мерење на само базични параметри. Надлежните велст дека Македонија за прв пат прави огромен чекор напред кон елиминација на толку опасен вирус како што се Хепатитот Б и Хепатитот Ц.

“Цениме дека здравството мора да превенира, затоа овие програми се многу битни за нас како институција, исто така се дел од нашите политики во здравствениот систем. Ценам дека граѓаните навистина ќе ги искористат овие моменти бидејќи се е бесплатно и анонимно.” –изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Како дел од програмата за превенција низ повеќе градови се поставени мобилни пунктови за бесплатно и анонимно тестирање со цел рано откривање на Хепатитис Б, Хепатитис Ц , ХИВ. Резултатите се добиваат на лице место за помалку од една минута.

Реклама

“За прв пат се дефинира патот кон елиминација на еден толку опасен вирус. Со помош на Светската Здравствена Организација, Европската Комисија и сите чинители во нашиот политички и научен круг мислам дека заеднички можеме да направиме нешто кое до сега не било направено.”- изјави Претседателот на здружението „Хепар центар“ – Битола Милан Мишковиќ.

Во Македонија во моментов има околу 40 илјади пациенти кои боледуваат од Хепатит.

“Она што е последица на хроничниот хепатит е развој на црнодробната цироза,а кај пациентите практично таа еволуција во цироза не ја чувствуваат.”- изјави директорката на гастроентерохепатологија Мери Трајковска.

Медицинските лица сметаат дека ова е тивка епидемија и потребно е подигнување на свесноста дека превенцијата и раната дијагностика се најдоброто решение.

Мила Тодорова