Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Светиниколските пожарникари добија донации од Италија и Словенија

Нови заштитни униформи Fire Max 3, работни панталони, свечени кошули, противпожарни црева…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови заштитни униформи Fire Max 3, работни панталони, свечени кошули, противпожарни црева и млазница е вредната донација која ја примиле пожарникарите од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе при посетата на градот Мерано, во областа Јужен Тирол, Италија и на Словенија.

Во објавата на социјалните мрежи на ТППЕ-Свети Николе се вели дека делегација од ТППЕ-Свети Николе ја реализирале оваа работна посета во периодот од 28 јануари до 2 февруари, а во рамките на посетата оствариле средби и посети на неколку доброволни противпожарни друштва, каде што се запознале со нивниот систем на работа и начинот на функционирање.

-Исто така, беше реализирана и посета на фабриката Rosenbauer Group водечки производител на противпожарна опрема и возила.

Реклама

Огромна благодарност до нашиот сограѓанин Љупчо Стаев кој живее во Мерано и лично ја обезбеди оваа донација за нас и Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Свети Николе, која е од големо значење. Благодарност и до ДПД Лаберс (Freiwillige Feuerwehr Labers) од Лаберс, Мерано, кои исто така обезбедија униформи за нашата противпожарна единица. Голема брагодарност до ДПД Печаровци за обезбедената донација на заштитни униформи и чизми, велат од ТППЕ-Свети Николе. 

Посочуваат дека овие посети и донации претставуваат значаен чекор кон унапредување на меѓународната соработка и подобрување на условите за работа на пожарникарите-спасители.