Реклама

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Македонија

Сведок на судењето за 13-те полицајци поврзани со „Пулс“: Влеговме во дискотеката и го извадивме нашиот другар надвор, побаравме помош од полицаец да го качиме во автомобил, но тој нè одби

Надвор го најдов другарот Филип кому му беше повредено коленото. Го однесов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надвор го најдов другарот Филип кому му беше повредено коленото. Го однесов во болница и се вратив во дискотеката. Имаше многу народ и лежеа, јас бев збунет и не знаев што да правам. Потоа дојдоа и пожарникари да гаснат. Јас и мојот другар Бојан влеговме во дискотеката во тоалетот, таму го извадивме другарот Давид. Надвор пробавме да го качиме во автомобил. Имаше еден од полицајците, не знам кој, го прашав да ми помогне да го качиме. Тој ми рече дека „тоа не е негова работа“ – изјави сведок на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје, каде што продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. 

Во сослушувањето сведоци предложени од Обвинителството, прв како сведок беше сослушан студент од Кочани, кој кобната вечер на 16 март 2025 година бил со другарите во дискотеката „Пулс“ кога избувнал пожарот. Тој објасни како тргнал да излезе од дискотеката, но имало многу луѓе и само ја пружил раката и некој го повлекол и извадил надвор. 

– Надвор го најдов другарот Филип кому му беше повредено коленото. Го однесов во болница и се вратив во дискотеката. Имаше многу народ и лежеа, јас бев збунет и не знаев што да правам. Потоа дојдоа и пожарникари да гаснат. Јас и мојот другар Бојан влеговме во дискотеката во тоалетот, таму го извадивме другарот Давид. Надвор се обидовме да го качиме во автомобил. Имаше еден од полицајците, не знам кој, го прашав да ми помогне да го качиме, тој ми рече дека „тоа не е негова работа“ – изјави сведокот. 

Реклама

Сведокот рече дека кога влегол во дискотеката, на влезот имало еден полицаец и дека другарите му рекле дека прават некоја проверка. 

Прашан дали го видел полицаецот внатре и дали бил во униформа, сведокот рече дека не се сеќава, но мисли дека бил во цивилка. 

– Не го видов така. Кога влегов, моите другари ми рекоа дека има во цивилка и го погледнав – изјави сведокот. 

Сведокот објасни дека за концертот на групата ДНК се информирал на „Фејсбук“ на страницата на клубот „Пулс“. 

Прашан дали надвор забележал и други полициски службеници, сведокот рече дека имало – да, „секаде и на кружниот тек подолу од ‘Пулс’“. 

На прашање од одбраната дали го препознава во судницата полицаецот што одбил да му помогне надвор пред дискотеката, сведокот рече – не, „не се сеќавам на ликот“. 

Дел од одбраната реагира на изјавата на овој сведок посочувајќи дека имал конфузен исказ. – Или има селективна меморија или е инструиран да говори само тоа што му оди во прилог на Обвинителството – изјави адвокатот. 

Вториот сведок, средношколка, која кобната вечер исто така била во дискотеката „Пулс“, објасни како влегле и што се случувало внатре. 

– Влеговме со мојот дечко. На влез купивме билет, го дадовме на Обезбедувањето, ни ставија печат и продолживме внатре кон масата, која беше блиску до бината. Си земавме пијачки и се забавувавме, сè беше во најдобар ред. Имаше диџеј пред да настапи групата ДНК – изјави сведокот. 

Додека била на масата, сведокот рече дека не видела полициски службеници, но кога била до тоалет со другарка, кај ходникот на почетокот до првата врата на дискотеката забележала полицаец. 

– Кога поминав покрај него, му ја видов само значката на униформата, лицето не му го видов. Кога се вратив на масата, од групата ДНК изјавија „ајде сега да ги поздравиме полицајците“. Само јас бев малолетна од друштвото на масата, но бев со брат ми и се вратив на масата. Мислам никој не ме забележа дека сум малолетна – изјави сведокот. 

Кога се вклучиле прскалките, сведокот објасни дека забавата продолжила и ДНК веќе испеале неколку песни. 

– Не го забележав моментот кога се запалил плафонот. Мислам дека беше 2.30 часот. Откако се случи пожарот, сè ми беше бело пред очите, сите почнаа да трчаат. На масата останавме само јас, Мартин и брат ми. Мартин ми рече – ајде да излегуваме, ама јас не го сфатив сериозно, мислев ќе го изгаснат, а имаше и други што седеа и уште се забавуваа, па не брзав да излезам – појасни сведокот. 

Кога тргнавме да излегуваме, толпата кај вратата викаше „отворете ја вратата да излеземе“. 

– Сите врескаа, јас мислам дека беше затворена, не видов. Сите стоевме и туркавме. Се онесвестив. Мене ме извади пожарникар. Кога се освестив, веќе дискотеката беше испразнета, видов пожарникар како го гасне пожарот. Мене само раката и рамото ми беше слободно, а цела бев заглавана од други лица и собрав сила и ја кренав раката. Пожарникарот ме извлече и изнесе надвор пред скалите, каде што ми помогна едно дете и ме однесе на паркингот кај другите повредени – изјави сведокот. 

Третиот сведок, студентка, која исто така била во дискотеката „Пулс“ кобната ноќ на 16 март, објасни пред судот како избувнал пожарот и дека ја спасиле пожарникари. 

– Кога излегов надвор, почнав да го барам татко ми и да викам. Викав силно и хистерично. Кога продолжив да викам, еден од униформираните лица ми рече, ако продолжам да викам, дека ќе бидам приведена – изјави сведокот. 

Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“, на пауза на денешното рочиште, во изјава за медиумите реагираа дека денеска во судницата имало исказ што не смее да помине незабележано. 

– Сведокот недвосмислено посочи дека полициски службеник во моментите кога луѓето се бореле за живот одбил да помогне при внесување повредено лице во автомобил за да биде однесено во болница.  Ако ова е потврдено преку доказна постапка, тогаш станува збор за постапување што мора сериозно да се разгледа. Во тие моменти МВР немало време за изговори и префрлување одговорност. Имало повредени луѓе што се бореле за животот – изјави Александар Наунов. 

Адвокатот од одбраната, Александар Петрески, на пауза на денешното рочиште, во изјава за медиумите, рече дека обвинението не држи место, не е соодветно подготвено и не нуди конкретни докази за одлучителните факти. 

Според Петрески, во текот на целата судска постапка се покажало дека предлаганите сведоци од страна на Обвинителството не се концизни, ниту јасни во своите искази, и не ги поткрепуваат наводите од обвинителниот акт. Тој исто така потенцира дека Обвинителството зазема контрадиктен став во текот на процесот. 

– Значи, Обвинителството во воведните зборови укажува дека не им се става на товар тоа дали полицајците помагале или не, а потоа упорно се поставуваат прашања и се наведува сведокот да каже дека полицијата била тотално незаинтересирана и не помагала. Значи, чисто да се создаде слика дека обвинетите што денес се товарат се виновни за своите постапки, а сè уште не разбравме за кои постапки конкретно се товарат – изјави Петрески. 

Судењето продолжува на 13 октомври со сослушување сведоци. 

Судскиот процес претходно денеска почна од почеток поради промена на составот на судечкиот совет. Како што информира судот, еден од поротниците информирал дека поради здравствени причини, еден месец и повеќе нема да може да учествува на судењата, а вториот најавил дека поради други ангажмани, нема да учествува повеќе како поротник на судските процеси. 

Судењето го води судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова. 

Судот информира дека се преземаат сите досега изведени материјални докази и сослушани сведоци и се продолжува со сослушување сведоци на Обвинителството. 

Судењето е поврзано со трагичниот пожар што избувна на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.