Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

Трета година по ред, по повод празникот Прочка, Општина Крива Паланка ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трета година по ред, по повод празникот Прочка, Општина Крива Паланка ја организира манифестацијата „Сусурига“ во соработка со Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ што го оживеа духот на културното наследство во чест на празникот Прочка.

-Горди сме што нашите улици оживеаја со бројни и живописни маски од градот и регионот, а дефилето, игрите и танците донесоа радост за сите присутни, велат од локалната самоуправа. 

И оваа година, додаваат, по повод празникот Прочка со гордост ја организиравме традиционалната манифестација „Сусурига“, која повторно го оживеа духот на нашите корени и културното наследство.

Реклама

-Овој настан ја потврдува сплотеноста на нашата заедница и љубовта кон културното богатство кое го негува секој жител на Крива Паланка. Дефилето на маските, изработени со уникатност и креативност, заедно со традиционалните обичаи, привлече внимание на сите присутни и случајни минувачи, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

На годинашната манифестација учествуваа гости и ансамбли од регионот и соседството што донесоа вистински празник на културата и традицијата.

-Горди сме што низ оваа автентична и живописна манифестација, испративме порака на единство, радост и заедништво. Овој настан не е само дел од календарот на Општина Крива Паланка, туку е дел од нашиот идентитет и културното наследство кое со гордост го чуваме и го пренесуваме на младите генерации. Да ја чуваме традицијата, таа нè обединува и нè прави препознатливи, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

На „Сусурига 2026“ учествуваа: „Странчинарски игри“, село Мокриево, Општина Ново Село, „Ратевски Бамурци“, село Ратево Општина Берово, суроварска група од село Вискјар, Перник, Бугарија, „Џоломари“, село Манастирец, Општина Росоман, КУЗ „Карпош“ и КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка.