Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Суша во Пелагонија- дали најголемата житница ќе остане без лебно зрно?

Ланската сушта што половина година ја зафати најголемата житница во државата, продолжи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ланската сушта што половина година ја зафати најголемата житница во државата, продолжи и зимава. Ако се додаде и фактот дека есенските култури беа посејани задоценто до 15 декември, околу девет илјади хектари колку што беа засејани со лебно зрно, сега се препуштени на суровата природа, која е скржава со влага и немилосрдно се исцедува од нивите.

-Заврнале околу 130 литри во месец мај ланската година, меѓутоа, од месец јуни па досега наврнале околу 150 литри. Значи, тоа е многу мало количество кое не може да ги задоволи потребите на почвата за да можат да се развиваат сите култури- рече Зоран Бардаковски, советник во АПРЗ

Земјоделците се загрижени поради оваа состојба, зашто вегетацијата на есенските култури доцни, а на пресушените површини невозможно е да се изврши прихрана.

Реклама

-Со два збора, катастрофа. Се развива невидена катастрофа околу прозводството на пченица, јачмен и `рж на ова подрачје. Инаку, досега требаше да биде извршена прихрана на посевите. Меѓутоа, работите не одат на добро- рече Вељо тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците.

Во вакви прилики, во ХС “Стрежево“ го прекинаа производството на струја и водите целосно ги насочија во акумулацијата, која сега има само 45 милиони м3 вода и дефицит за овој период од над 15 милиони м3. Единствено стрежевската вода ја користат РЕК “Битола“ и ЈП “Водовод“.

-Порано полето се зеленееше или пак пред две три години с`е беше поплавено. Овој пат, можеме да зборуваме за една голема суша, но и малку површини со житни култури, особено со лебното зрно, бидејќи земјоделците веќе не знаат што да прават со своите ниви и воопшто, со својата аграрна политика.

Петар Стефановски