Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Судски парадокси: Од условна казна до 18 години затвор за прегазен пешак

Од условна казна па се до 18 години затвор е разликата во…

Сподели:

Од условна казна па се до 18 години затвор е разликата во казните што ги носат судиите за возачите коишто со непочитување на  правилата згазиле и усмртиле луѓе кои поминувале на пешачки премин.  Овој податок  е дел од истражувањето на Коалицијата Сите за правично судење и покажува дека судскиот систем во Македонија нема воедначена судска пракса. Ова значи дека судиите имаат огромен простор за слободно судиско убедување, па за исти кривични дела сторени во слични околности носат многу различни одлуки, коментира Дарко Аврамовски од Коалицијата за правично судење.

Тој додава дека во Македонија полесно ќе поминеш ако за сообраќајка те гонат кривично, отколку да те казнат прекршочно. Има одлуки од кривични постапки со глоби од 300 евра, а биле изречени прекршочни казни од 400 евра.

Овој проблем, минатите власти се обидоа да го решат со сега веќе укинатиот Закон за одмерување на казни. Но, во пракса овој закон донесе многу небулозни пресуди како онаа велешката, три години затвор за кражба на ќебапи. Крадецот на ќебапи доби толкава казна бидејќи и претходно бил осудуван за кражби. Аврамовски вели дека овој закон се претворил во математика, но во правото нема простор за оваа наука. Појаснува дека судиите мора да ги разгледаат сите околности и да имаат слобода при одлучувањето, а овој закон тоа им го ограничувал. Добро е што веќе е укинат, до сега требаше да се најде алтернатива за воедначување на судската пракса, подвлекува Аврамовски.

Реклама

Прегазувањето на младата Фросина, 22 годишната Теодора од Тетово, малата Магдалена во Велес, девојката Викторија која беше прегазена кај Сити Мол се трагедии за коишто јавноста е огорчена и реагира дека правдата не е задоволена бидејќи има драконска разлика меѓу затворските казни. Висината на казната зависи од тоа дали возачот бил обвинет за небрежност или умисла. Дел од познавачите сметаат дека се изрекуваат ниски и благи казни зашто обвинителите често гонат за небрежност и не ги разгледуваат сите околности.