Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Судење за „Пулс“: Дејан Јованов не ја дал на увид лиценцата за работа, а пристапот бил блокиран од возила

Сопственикот на кабарето „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, не им ја дал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сопственикот на кабарето „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, не им ја дал на увид лиценцата за работа на полициските службеници при контрола во 2023 година, а пристапот до објектот бил целосно блокиран од паркирани возила – сведочеше денеска самостојниот инспектор при Регионалниот центар за гранични работи Исток – Делчево, Деспина Симеонова, на судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во врска со пожарот во кабарето „Пулс“.

Симеонова, која сведочеше во рамките на директното испитување од страна на Обвинителството, појасни дека во Министерството за внатрешни работи е вработена од 2001 година, а во текот на 2022 и 2023 година континуирано извршувала работни задачи како инспектор за странци опфаќајќи канцелариска и теренска работа.

Прашана за начинот на спроведување на активностите и соработката со другите служби, таа посочи дека кога работат пспоред Законот за странците, постапуваат само инспекторите за странци, а кога работат според оперативни планови, имаат заеднички акции со инспекторите од МВР, Пазарна инспекција, Труд и социјала…

Реклама

– Кога работиме во нашиот дел, според Законот за странците, работата може да биде единечна и во тој случај постапуваме само инспекторите за странци. Кога работиме според оперативни планови, анекс-планови од МВР – БЈБ, тоа значи дека имаме заеднички акции со другите инспекторати, со колеги од МВР, со Пазарната инспекција, Труд и социјала и други потребни инспектори, кои се опфатени во тој оперативен план во зависност од потребите – посочи Симеонова. 

Наведе дека проверките во Општина Кочани главно се вршеле во угостителски објекти, хотели, мотели, ноќевалишта и апартмани со сместувачки капацитети, со цел откривање нерегуларен и незаконит престој на странци.

Во однос на кабарето „Пулс“, Симеонова потврди дека во периодот од 2022 до 2023 година биле вршени контроли во повеќе наврати, но, како што рече, секогаш во рамките на нејзината надлежност. По секоја извршена контрола, бил изготвуван извештај, кој бил доставуван до Регионалниот центар за гранични работи Исток.

Контролите се одвивале во ноќните часови, првично од 22 до 3 часот, а подоцна од 23 до 4 часот. За процедурата на евидентирање на неправилностите од страна на другите присутни служби, Симеонова појасни дека секој оперативен план има одговорно лице што ја спроведува акцијата.

– Тој е задолжен по завршувањето да изготви извештај и да го достави до дежурната служба, односно полициската станица во Кочани. Претпоставувам дека ПС Кочани, по хиерархија на вработените, одговорниот треба да го препрати до СВР Штип – рече Симеонова. 

На прашањето на Обвинителството за сообраќајниот пристап до кабарето и присуството на возила околу објектот, Симеонова сведочеше дека било сообраќаен хаос.

– Хаос е, со еден збор – не се поминува. Паркингот којшто се користи од хотелот во близина е преполн, а на улицата пред дискотеката не може да се помине од паркирани возила – рече Симеонова. 

Инспекторката детално го опиша и моментот кога од сопственикот на објектот била побарана документацијата за работа. Таа рече дека лиценцата била побарана во нејзино присуство од колегата Златко Кузмановски, кој бил одговорен за акцискиот план.

– На барање на колегата Златко Кузмановски, кој беше одговорен за акцискиот план, во мое присуство беше побарана лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“. Од страна на сопственикот Дејан Јованов лиценцата не ни беше покажана, ниту дадена на увид, со објаснување дека е многу доцна да го бара книговодителот бидејќи не е во просториите на дискотеката и дека ќе ја донесе во понеделник. Тврдеше дека ги има поднесено документите за обновување на лиценцата за работа пред 15 дена во Скопје и тврдеше во тој момент дека лиценцата има важност до 31 март 2023 година. Од моја страна и од страна на колегата тоа беше нотирано во извештајот таа вечер – сведочеше Симеонова. 

Судскиот процес против деветтемина полициски службеници продолжува со сослушување сведоци и изведување на материјалните докази предложени од Обвинителството.