Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Студентите од штипскиот универзитет од сега ќе можат да аплицираат и на студентските програми во странство

Официјално со работа започна Европската Алијанса на универзитети, во која освен  Универзитети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Официјално со работа започна Европската Алијанса на универзитети, во која освен  Универзитети од Европа, членува и штипскиот УГД. Вчера и денеска во Универзитетот во Мадрид, Шпанија се отвараат првите програми на кои може да аплицираат студентите Со ова ќе се изедначи квалитетот на образованието во сите осум универзитети, а студентите ќе добијат и европски призната диплома.

„Оваа Европска Алијанса, во која влеговме заедно со уште осум Универзитети, ни овозможува да воспоставиме и креираме заеднички дипломи, заеднички студиски програми, интензивни курсеви, летни и зимски школи, едноставно да направиме натпревари каде студентите ќе може да се докажат и соработуват со наставнички кадар и со кој ќе можат да се доусовршуваат и доквалификуваат и едноставно да посетат други земји во рамки на Алијансата„ изјави проф. Ана Никодиновска, проректор за меѓународна соработка.

Во текот на своето студирање  студентите од штипскиот Универзитет може да одберат програма во Германија, Австрија, Романија, Шпанија, Литванија или Летонија.  Вакви можности за предвидени за 9000 студенти и професори од сите универзитети.

Реклама

„Иако имаме визна либерализација, тоа ЕУ го пружи особно за академскиот кадар, сепак потребно е да овозможи поголема соработка на научното поле. Не само да речеме на мобилности и студенти, буквално одвојување на дел од финансиите од средствата за подигање на иновацискиот дел за науката и истражувањето. Нормално ако се одвои поголем дел ќе бидеме поконкурентни на пазарот„ изјави проф. Ана Никодиновска, проректор за меѓународна соработка.

Универзитетската Алијанса е поддржана од Европската Комисија и за првите четири години се обезбедени околу 14милиони евра. 

Александра Ристевска