Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Стружани ќе остануваат жедни: Иако водата не е радиоактивна, таа сè уште не е безбедна за пиење

Водата од градскиот водовод во Струга сè уште е забранета за пиење.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата од градскиот водовод во Струга сè уште е забранета за пиење. Иако денешната матност е во границите на нормалата, таа и понатаму не смее да се користи за пиење, туку само за лична хигиена и приготвување храна. Бидејќи струшките извори во Шум повторно имаат висока матност, водата не смее да се користи за водоснабдување на градот, велат од Центарот за јавно здравје.

Двонеделните испитувања на Институтот за јавно здравје покажале дека водата од изворите во Шум не е радиоактивна и нема присуство на тешки метали, но таа е физичко-хемиски неисправна.

Ова, според надлежните, е потврда дека обилните врнежи не се единствената причина за заматувањето, особено ако со денови нема врнежи. Експертите укажуваат дека санирањето на теренот и затворањето на ископите, длабоки над 10 метри на површина од 5 до 10 илјади кубни метри, бара многу внимателен пристап, бидејќи секоја интервенција повторно ќе ја заматува водата.

Реклама

„Треба да се направи некој елаборат, односно да се изработи техничко решение за минимално влијание врз подземната вода. Сега треба да одлучиме дали ќе враќаме 5–6.000 кубни метри ископан материјал кој е однесен, дали ќе засипуваме со нов материјал или ќе искористиме локален материјал за насипување. Но, секој локален материјал подразбира ново копање, па на крај тоа треба да се ‘пломбира’ со помалку пропустлива почва или глина“, вели проф. д-р Петко Пеливаноски од Градежниот факултет во Скопје.

Дознаваме дека нуркачи кои вршеле подводно испитување на извориштето забележале пукнатини во карпестиот дел над самиот извор.

Во ваква состојба, која трае веќе 24 дена, надлежните сè уште размислуваат по прашањето што го покрена народниот правобранител – стружани да бидат ослободени од плаќање на сметките за вода за тековниот месец.

„Ние сме во постојана комуникација со градоначалникот и тој размислува во таа насока, но тоа треба правно и нормативно да се дефинира – како ќе се одвива“, вели Јованчо Мечкароски, директор на ЈП „Водовод“.

Инаку, комуналниот и градежниот отпад, кој претставуваше сериозна опасност за загадување на подземната вода што гравитира кон изворот, е исчистен – тоа е она што досега е направено. Стружани и понатаму ќе се снабдуваат со питка вода од цистерни, додека граѓанските активисти инсистираат да се прогласи кризна состојба во Струга.