Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Бизнис

Струјата во Mакедонија незначително поскапа за 0, 92 % – не се споредува со регионот, Бугарија ќе плаќа поскапа струја за дури 8,5%

Минимално повисоки сметки за струја во Новата година за македонските граѓани. Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минимално повисоки сметки за струја во Новата година за македонските граѓани. Од овој месец просечната цена на  електричната енергија за домаќинствата е зголемена за 0.92 % или тоа би значело дека  сметка од  2 000 денари по новите цени за истата потрошувачка ќе се зголеми за само 22 денари.

Според блок тарифите, најмало зголемување ќе имаат оние кои штедат најмногу или потрошувачите од првиот блок за кои цената порасна за 0.68 %, во вториот  блок цената се зголемува за 0.9%, во третиот блок порастот изнесува 1,93%, а во 4-тиот, за оние што трошат најмногу  зголемувањето е најголемо или 2,24%. Струјата во евтината тарифа поскапува за 0.9%, а останува во истиот период од 13-15 часот дневна тарифа од понеделник до сабота и ноќна тарифа од 22 часот. Македонија е единствената држава во регионот со евтина дневна тарифа.

Минималното поскапување го очекуваа и од  Владата од каде посочија дека нема да дозволат ценовен шок за граѓаните иако наследената состојба во државните електрани е катастрофална. За време на Владата на Мицкоски ова е втора одлука за цената на струјата. Во јуни минатата година се спречи ценовен шок со законски измени, тогаш имаше минимално поскапување, пониско од 1 отсто за потрошувачи од

Реклама

вториот, третиот и четвртиот блок.

Во некои од земјите од регионот Нова година донесе сериозно поскапување на цената на електричната енергија. Во Бугарија, домаќинствата ќе плаќаат струја која е поскапа за дури 8,42 отсо, што е нешто минимално пониско од првите најави на Регулаторот дека зголемувањето ќе биде  9 отсто.  Цената на трите компании снабдувачи таму се зголемува од 8,36 до 8,55 отсто. Главната причина, како  што пренесуваат медиумите е поради зголемените прогнози на пазарот на електрична енергија и зголемените трошоци на базната енергија за 23 отсто.

Во Црна Гора има поскапување на Струјата за домаќинствата кои се со двотарифен модел за 3,41 отсо, а во Република Српска пак цената на струјата за домаќинствата порасна во просек за 7,9 отсто.

https://www.youtube.com/watch?v=X6p1KFDKo3E