Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Струга пред воден колапс – милионски долг за струја му „тежи“ на „Водовод“

Доколку јавното претпријатие „Водовод“ не го подмири долгот за струја во висина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку јавното претпријатие „Водовод“ не го подмири долгот за струја во висина од околу 3,5 милиони евра, Струга ќе остане без капка вода, бидејќи компанијата снабдувач со електрична енергија ќе ги исклучи пумпните станици од електроенергетскиот систем.

Иако од ЕВН им најавиле исклучување на струјата, до тоа денеска не дојде, бидејќи е подмирен само минимален дел од долгот. Од јавното претпријатие доставиле барање до судот за изрекување времена мерка за да се спречи исклучување од електричната мрежа. Шест години неплатените сметки за електрична енергија, но и неподмирените долгови кон други добавувачи во вкупна вредност од 5 милиони евра, го доведоа струшки „Водовод“ пред колапс.

„Имаме огромни долгови, од тоа што досега го имам на увид, околу 300 милиони денари, најголем дел се неподмирени долгови за електрична енергија. Ние постојано имаме притисок од страна на добавувачот со електрична енергија, опомени пред исклучување, а сами како јавно претпријатие не сме во можност да го сервисираме, бидејќи сметките се огромни“ – вели Јованчо Мечкароски, директор на Ј.П. „Водовод“.

Реклама

По 20.000 евра се трошеле за репрезентација, купување на делови за автомобилите кои воопшто не биле во функционална состојба. Ревносно се плаќале само фактурите за гозбите по кафеани, открива Мечкароски, кој поради сомнежите побарал од Секторот за стопански криминал да утврди какви неправилности и злоупотреби се случувале.

„За жал, во минатото биле инсталирани фотоволтаични централи за потребите на јавното претпријатие, со цел да се намалат сметките, но некој таму ја украл централата. Дали е доцна пријавено, не знам. Јас барав од јавното обвинителство конкретен одговор до каде е таа постапка. Постапката е отворена во 2022 година и добивме одговор дека сè уште се работи на случајот и нема индикации кој е виновен за кражбата на тие фотоволтаици“ – вели Мечкароски.

Во меѓувреме, поради хаваријата кај изворите во Шум, со одлука на Советот стружани се ослободени од плаќање на февруарската сметка за вода. Но бидејќи сметките стасале пред одлуката, Мечкароски апелира стружани да ја платат сметката, а потоа во текот на годината ќе им бидат рефундирани парите. Станува збор за околу 150.000 евра, сума која во име на стружани ќе ја подмири Општина Струга.