Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Стручни предавања како превентивни активности по повод Неделата на срцево-садови заболувања

Со низа низа активности насочени кон превенција и заштита од срцево-садовите заболувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со низа низа активности насочени кон превенција и заштита од срцево-садовите заболувања општинската организација на Црвениот крст во рамки на своите здравствено-превентивни активности ќе ја одбележи Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари).

Под мотото „Здрав живот, здраво срце“, а во соработка со Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид денеска во просториите на Црвен крст Охрид  специјалист-кардиолог ќе одржи предавање за ризик факторите, превенција, третман и лекување на болестите на срцето и крвните садови.

Исто така, до основните и средните училишта во Охрид и Дебрца, доставено е типизирано предавање за срцево-садовите заболувања, со цел истото да се презентира пред учениците.

Реклама

Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светската здравствена организација, секоја година од срцево-садовите заболувања во светот умираат 17,5 милиони луѓе, од кои 7,3 милиони од коронарна срцева болест, а 6,2 милиони од инфаркт. Во Европа околу 50 проценти од сите смртни случаи, се предизвикани од тие заболувања. Се повеќе заболуваат лица помлади од 60 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Доколку не се преземат соодветни мерки, до 2030 година 23 милиони луѓе секоја година ќе умираат од срцево-садови заболувања (главно од срцеви и мозочни удари).

Проценките покажуваат дека најмалку 80 отсто од сите срцеви болести, срцев удар и дијабетес тип 2, може да се превенираат.

Статистичките податоци од Институтот за јавно здравје на РСМ, покажуваат дека и кај нас повеќе од 60 отсто од смртните случаи се последица на срцево-садовите заболувања.

Здебеленост, неправилна исхрана, пушење и физичка неактивност се главните причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст. Таквите нездрави навики и животен стил се се’ почести меѓу децата и адолесцентите. Токму тоа е период кога со навремени и соодветни постапки може да се насочи развојот на детето во зрела личност, одговорна за своето здравје, здравите животни стилови и со фактори на ризик сведени на најмала можна мерка.