Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Street Food Picnic втор пат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава

Паркот на Франкофонија од денеска до 20 септември ќе биде домаќин на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паркот на Франкофонија од денеска до 20 септември ќе биде домаќин на второто издание на Street Food Picnic, тридневен настан кој ќе понуди добра храна, музика и содржини за целото семејство. 

Како што информира Општина Центар, годинашното издание е посветено на семејното дружење и заедничкото поминување време на отворено. Во опуштена пикник атмосфера, посетителите ќе можат да уживаат во разновидна гастрономска понуда, музичка програма и детски работилници со игра и креативни активности.

Програмата денеска почнува во 17:00 часот и ќе трае до полноќ, додека во сабота и недела почнува во 12:00 часот и ќе трае до полноќ.

Реклама

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани граѓаните да бидат дел од тридневното дружење во Паркот на Франкофонија.

-„Street Food Picnic го организираме втора година и навистина ми е драго што овој настан прераснува во убаво септемвриско дружење во Центар. Идејата е едноставна – да излеземе од дома, да се собереме во парк, да каснеме нешто вкусно, да слушаме добра музика, а децата да имаат свои активности и забава. Ги повикувам сите, со семејствата и пријателите, да ни се придружат. Три дена ќе се дружиме и ќе уживаме заедно во Паркот на Франкофонија, порача Герасимовски.

За гастрономскиот дел ќе се погрижат девет изложувачи – Milky, Oljo’s, Transilvanisko trdlo, Жешко Компирче, Sweet Corner, Сутлијаш Бар, Panino, Noa Gyradiko и Mustacos, со избор на солени и слатки специјалитети. Богата програма е предвидена и за љубителите на музиката. Во петок ќе настапат Golemata Voda и Vaso, во сабота Shurbe, Day Off и Flooder, додека во недела музичката програма ќе ја заокружат Dimish, Trio Zigot и Machki.

Посебен дел од програмата е наменет за најмладите, кои во текот на викендот ќе можат да учествуваат во детски работилници, да се забавуваат и да поминат квалитетно време на отворено.

Street Food Picnic 2 се одржува со поддршка на Општина Центар, а настанот е отворен за сите посетители.