Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Стратешко партнерство – Македонија добива финансиска, експертка и техничка поддршка од Обединетото Кралство

Експертска и техничка поддршка  од Британска компанија  за изградба на брзата пруга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Експертска и техничка поддршка  од Британска компанија  за изградба на брзата пруга од Гевгелија до Табановце која е дел од првиот инвестициски циклус и најголемиот проект што ќе се реализира со биртанските пари.  Вицепремиерот Николоски станува збор за компанијата „Crossrail“ , која ja изградела најновата и најдолгата линија во Лондон, односно првата дигитализирана метро линија во тој дел од светот . Ако се суди по големината на проектот Македонија добива врвна експертиза и двојни бенефити, Од една страна сигурна  и квалитетна реализација, а второ добиваме искуства и обука на кадар.

Во однос на железницата разговараме да добиеме техничка подршка од најсилната компанија во Велика Британија, се работи за “Crossrail”. Тоа е компанијата која ја изгради најновата и најдолгата линија во Лондон, првата дигитализирана метро линија во овој дел од светот, тоа е метролинијата “Елизабет” која е крстена по Кралицата Елизабета. Така што зборуваме за тојфунти, значи само овој проект е 4 пати поскап од тоа што ние имаме како аранжман. Со тој профил на луѓе преговараме да дојдат да ни помогнат затоа што таквата помош е двонасочна. Едно е краткорочна, бидејќи имате сигурна и квалитетна реализација на проектот, а второ обучувате кадри за во иднина, рече вицепремиерот Николоски во интервју за националниот сервис

Договорот Влада со Влада со Обединетото кралство кој беше потпишанб вчера во Лондон, се очекува да отвори поле за градежна експанзија и инвестиции во најранливите сектори во државата, продлабочување на економската соработка и зацврстување на билатералните односи.

Реклама

Бизнисот ја поддржува намерата за вложување во капитални инвестиции, но она што е клучно за домашната оператива е да бидат вклучени во проектите  Домашните капацитети се делумно ограничени за да можат да ја поддржат широката градежна експанзија, меѓутоа од бизнисот велат дека е важно да бидат вклучени и проектите да ги изработат квалитетно… Како бенефит од договорот се очекува македонското градежништво повторно да стане конкурентно,

За жал заради годините на девастација би рекол и во децениите, во Македонија градежниот сектор скоро и да колабираше, голем број на фирми банкротираат и јас се надевам дека со ова ќе ги внесеме во фаза каде повторно ќе бидат меѓународно конкурентни какви што беа во едни претходни времиња и затоа овој аспект за пренесување на знаења е многу значаен”-истакна  вицепремиерот Николоски.

 Велика Британија стави на располагање пет милијарди фунти,  поддршка од британската владина извозно кредитна агенција „УК експорт фајнанс“, а најавите се дека првите пари ќе бидат искористени во три сета на проекти. што е досега познато е дека ќе станува збор за проектно финансирање, односно ќе станува збор за серија на кредити, а рочноста ќе зависи од проекти. Заложбите на владата се да се испреговара грејс период кој ќе биде еднаков на периодот потребен за подготовка на проект, односно да враќаме пари откако проект ќе стане профитабилен.  Следниот чекор е ратификација на договорот во Собрание, а треба да го усвои и британската влада .