Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Странци заинтересирани за депонијата Буково, ја гледаат како понтенцијален енергетски извор

Странци заинтересирани да инвестираат во депонијата Буково,ја гледаат како потенцијален извор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Странци заинтересирани да инвестираат во депонијата Буково,ја гледаат како потенцијален извор на енергија.На локацијата каде половина век се одлага неселективен отпад,се депонира и органски отпад,кој кога гори ослободува големо количество на метан. Отпадот кој ги труе жителите на охридско-преспанскиот регион,може да биде корисен,бидејќи овој природен гас е енергенс на иднината,вели директорот на јавното претпријатие “Комуналец ” кој ги пренесува искуствата кои го стекнал при работна посета на една општина во Шведска.

“Имаат формирано јавно претпријатие за производство на природен гас односно изградена е биогасна станица каде што цел органски отпад од цела општина и регион во Шветска се носи во таа биогасна станица.И служи за производство на природен гас кој што потоа граѓаните го употребуваат дали како гориво за возила или за затоплување.Што значи и се заштитува животната средина а истовремено и се штеди”-вели Сашо Најдески-директор на Ј.П.” Kомуналец”-Охрид”

Сите органски материи кои потекнуваат од косење трева, сечење гранки, отпадоците од фармите, растителна отпадна биомаса од земјоделското производство, можат да се користат како суровина за производство на биогас,појаснува Најдески.Според првичните проценки изградбата на биогасна станица по сите светски стандарди чини околу 30 милиони евра.Но за вака вносен бизнис странците не жалат пари велат и од здружението на граѓани “Збогум Буково”.

Реклама

 “Ни пристапуваат луѓе заинтересирани за овој проблем,кои што сакаат таму да инвестираат.И нивната иницијатива е во однос на изградба на постројка за добивање на електрична енергија. Од тој биогас што ќе се ослободува сигурно сте запознати дека таму се ослободува големо количесто на метан тој е многу по отровен од јаглерод диоксидот, а таа енергија што се ослободува може да се искористи како што прават другите држави” –вели Ѓорѓи Љатко-здружение на граѓани “Збогум Буково”

Македонија ги исполнува сите предуслови да фати чекор со многу земји во кои се градат сè повеќе постројки кои користат биомаса за производство на биогас кој може да се користи за производство на електрична енергија за индивидуалните домаќинства, стопанските субјекти, а особено претпријатијата за гасификација на градовите.

Росица Голабоска