Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Стотици предмети застаруваат поради недостаток на судии и обвинители

Стотици предмети кои што се водат во македонските судови застаруваат, со години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стотици предмети кои што се водат во македонските судови застаруваат, со години предметите фаќале прашина во фиоките, се додека не добијат печат на застареност.Само лани заклучно со месец ноември застареле 236 предмети, од нив 71 се кривични дела за кои била запретена и затворска казна од 3 до 5 години.Недостатокот на судии и јавни обвинители е една од причините за ваквата ситуација која доведе до застој, одложување на постапките и трупање на нерешени предмети –укажуваат правните експерти.

Дојдовме до ситуација да една генерација не се примија сега за кандидати за академијата за судии и автоматски останавме, а 3 години треба таа генерација да пополни 100 судии и обвинители и сега се дојде до ситуација да има кусок и на судии и обвинители. И тој начин и на избор на кандидати,очигледно најдобрите кандидати што завршиле на правните факултети, не се слушатели на академијата за утре да бидат навистина добри обвинители и судии-вели Борче Давиткоски-универзитетски професор

Два основни судови во државава,крушевскиот и беровскиот останаа без нити еден судија,судските процеси го водат делегирани судии од други градови. Судската власт функционира со половина судии од потребните.Согласно податоците на Судскиот совет заклучно со ланската година во сите судови потребни се 629 судии, а моментално работат 321.Бројот на обвинители кои недостасуваат е околу стотина.

Реклама

Нашето општество отиде на тоа дека мора да има академија иако со академијата доаѓаат и кадри кои што немаат ни еден ден искуство во правосудството и сега прашање е кој од кадрите дали од стручните соработници кои по 10,15,20 години се во судови и обвинителства би биле посоодветни, покоретни и постурично би ја вршеле работата, тоа треба да размисли општеството”-вели адвокатот Димитрија Цобоски

Менувањето на законот за судии и обвинители наместо со 64,во пензија да одат на 67 години нема да го реши проблемот кој влече корени години наназад.Никој не водел грижа за потребата од продуцирање на кадри, велат познавачите на приликите.