Стопанствениците се задоволни што Владата е постојано на штрек и носи потези и мерки за одржување на ценовната стабилност. Сепак, во услови на глобален притисок, тие стравуваат од подраматичен удар доколку состојбите во кризничните региони не се смират наскоро. Ваквото, не дај Боже, сценарио може да има продолжени негативни ефекти врз домашната економија.