Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Извозот во трка со увозот – македонските производи се’ по конкурентни на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извозот во трка со увозот – македонските производи се’ по конкурентни на странските пазари. И покрај неизвесносноста на светските пазари, македонската надворешна трговија добива на динамика, а дома произведеното станува се поконкурентно во странство. Според државниот завод за статистика трговската размена во јули е зголемена за дури 17,2% во споредба со истиот месец во 2025, а се зголемува и покриеноста на увозот со извозот која достигнува 71,3%.

„Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – јуни 2026 година, изнесува 268 993.7 милиони денари и бележи пораст од 8.00 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2026 година, изнесува 377 116.5 милиони денари, што е за 7.69 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година“, соопштија од Завод за статистика

Најголем раст е забележан кај минералните горива, мазива и сродни производи односно 43,5%. Веднаш потоа се животинските и расителни масла, масти и восоци со 33%. Во извозот и натаму доминираат катализаторите носачи на благородни метали или нивни соединенија а кај увозот најзастапени се платината и легури на платина, нафтени масла.

Реклама

Кога се работи за трговските партнери и натаму најзначајна останува Германија со која трговската размена изнесува 2,1 милијарда евра:

„Во периодот јануари – јуни 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, 2,1 милијарда, Велика Британија 1,1 милијарда, Грција 751 милион Кина, 655 милиони и Србија, 619 милиони евра, земји кои учествуваат со 50.0 % во вкупниот обем на размената.

Според податоците, Европската унија останува главен извозен пазар за македонските производи со вкупна размена од 58%. Инаку во првата половина на 2026 регистрирана е трговска размена од вкупно 10,5 милијарди евра а извозот е пораснат за 8% во според за увозот кој пораст од 7,7%