Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71,2 километри експресен пат и автопат – следуваат нови делници

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Тој истакна дека Владата го завршила и пуштила во употреба експресниот пат Градско – Дреново, при што завршила две делници од 25.7 километри експресен пат, во крајно брз рок.

Додаде дека се завршени и пуштени во употреба се 25.5 километри од експресниот пат Куманово – Крива Паланка.

Реклама

-Пред нецели два месеци пуштени се во употреба 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, и дополнително се очекува наскоро да биде пуштена уште една делница, а до крајот на 2026 година ќе биде пуштен во употреба целиот пат. Засилено се гради низ цела Македонија, истакна Стојановски.

Тој додаде дека автопатот Тетово – Гостивар исто така треба да биде готов за две и пол години.

-Засилено се работи и на автопатот Прилеп-Битола кој се очекува да биде завршен и пуштен во употреба 2027 година. Во наредните три до четири години цела држава ќе биде испреплетена со автопатска мрежа и мрежа од експресни патишта. Македонија се трансформира. Промените на дело, истакна Стојановски.